ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Koja e Алис Вајдел – лидерката на радикалната АфД што е во брак со жена?

Алис Вајдел од националистичката, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД) живее во Швајцарија и е во брак со жена родена во Шри Ланка. Таа ја предводи својата партија на претстојните избори во Гереманија.

February 20, 2025 13:54
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Алис Вајдел

Фото: Генерирано со Grok

Share on FacebookShare on Twitter

Кога потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс минатата недела ги критикуваше своите германски домаќини за маргинализирање на крајно десничарските партии, тој не ја спомена по име Алтернативата за Германија, позната како АфД. Но, набргу по неговиот говор на Минхенската безбедносна конференција, во кој ги шокираше присутните споредувајќи ја демократијата во денешна Европа со тоталитаризмот од советската ера, г. Ванс се сретна со Алис Вајдел, лидерката на АфД.

Поранешна инвестициска аналитичарка Алис Вајдел има два сина со својата сопруга родена во Шри Ланка и живее во Швајцарија. Нејзината националистичка партија води кампања на платформа која е антиимигрантска и го дефинира семејството како „татко и мајка кои одгледуваат деца“.

Вајдел, е миленичката на новата американска администрација – добивајќи поддршка од Илон Маск и потпретседателот на САД Венс, а нејзината АфД  според анкетите е на второ место пред националните избори во недела.

„Со Алис Вајдел на чело, АфД постојано станува сè порадикална“

 „Со Алис Вајдел на чело, АфД постојано станува сè порадикална“, изјави Ан-Кетрин Мyлер, експерт за АфД и новинарка на Der Spiegel, еден од највлијателните германски медиуми.

АфД има значителна предност во анкетите пред централно-левите Социјалдемократи на актуелниот канцелар Олаф Шолц, а се наоѓа зад конзервативните Христијански демократи на Фридрих Мерц, кој важи за главен фаворит за следен канцелар.

Овие партии инсистираат дека никогаш не би соработувале со партијата на Вајдел за формирање влада. Сепак, нејзиниот последен успех во претставувањето на АфД како „обична“ партија дојде во неделата, кога учествуваше во телевизиска дебата со своите главни противници, меѓу кои беше и Роберт Хабек, кандидат на Зелените.

Настапот на Алис Вајдел беше оценет како неконзистентен, но таа сепак излезе како победник – за првпат АфД беше поканета на ваква дебата, која ја следеа милиони гласачи. Во еден момент од кампањата, анкетите ја рангираа како најпопуларен кандидат за канцелар, без разлика на партиската припадност.

Но, иако професорскиот настап и личната приказна на Вајдел можеби сугерираат ублажување на партиската линија, нејзиниот начин на изразување не го прави тоа. Таа вети дека ќе ги демонтира ветерните турбини и ќе отпушти професори по родови студии. Говорела за „ремиграција“, термин што го користи крајната десница и кој најчесто се толкува како код за депортации.

„Јасно ставете до знаење на целиот свет: германските граници се затворени,“ им рече на разиграната толпа кога АфД официјално ја номинираше за кандидат минатиот месец.

Во интервјуа за германските медиуми, таа наизменично се појавува како шармантна и остра.

Таа постојано одбива да се дистанцира од најекстремните членови на својата партија, од кои некои го минимизираат Холокаустот и нацистичкото минато на Германија.

„Таа и луѓето зад неа во партијата – и идеолошки се многу блиски до Бјорн Хеке,“ рече Мулер, алудирајќи на лидер на АфД во една од германските сојузни покраини, кој беше казнет од суд за користење нацистичка терминологија.

Во неделата, Вајдел изјави за Bild, најголемиот германски таблоид, дека би го вклучила Хеке во својот кабинет доколку стане канцелар.

Вајдел израснала во католичко семејство од средната класа во Харзевинкел, град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, на западот на Германија. Имала две сестри и дасхунд (германски ловечки пес). Нејзиниот татко бил трговец, а мајка ѝ домаќинка.

Дедото на Вајдел бил член на нацистичката партија и бил назначен за воен судија во окупирана Варшава

Нејзиниот дедо бил член на нацистичката партија и бил назначен за воен судија во окупирана Варшава, објави Die Welt, конзервативен германски дневен весник. Вајдел одговори дека не го познавала дедо ѝ, кој починал кога таа имала шест години, и дека нацистичкото минато никогаш не било тема на разговор во нејзиното семејство.

Додека завршувала докторат по економија во Баварија, Алис Вајдел поминала некое време во Кина. Според нејзините зборови, таму научила мандарински. Подоцна работела како аналитичар во Credit Suisse и Goldman Sachs. Во интервјуа за германските медиуми зборувала за својата љубов кон фенг шуи, како и за пливањето и тенисот во детството.

Официјално, таа го дели своето време меѓу својот дом во мало гратче во централна Швајцарија и куќа во нејзиниот изборен округ, крај Боденското Езеро во јужна Германија. Но, Вајдел признава дека не поминува многу време на германската адреса.

Таа вели дека причината е загриженоста за безбедноста. И покрај напредокот на нејзината партија, Вајдел останува предмет на јавен гнев во земја каде што мнозинството Германци сметаат дека АфД треба да биде изолирана.

Нејзиното отсуство од Германија стана чувствителна тема за лидер на националистичка партија. Оваа недела, за време на интервју на јавен радиодифузер, Вајдел ја напушти емисијата кога ја прашаа колку ноќи има поминато на својата германска адреса. Во истото интервју, таа призна дека не знае колку луѓе живеат во нејзиниот изборен округ, кој го претставува како пратеничка.

Во ноември, Вајдел им изјави на група бизнис-лидери во Цирих дека нејзината безбедносна ситуација станала толку комплицирана, што ѝ било тешко дури и спонтано да излезе на вечера или да оди на танцување со својата партнерка Сара Босард, која е филмска режисерка.

„Неизмерно ѝ сум благодарна на мојата сопруга што го трпи сето ова,“ изјави Вајдел.

„Јас не сум квир но сум во брак со жена што ја познавам 20 години.“

Иако многупати била запрашана, таа одбива да објасни како ја усогласува очигледната контрадикција меѓу својот личен живот и визијата за општеството што ја застапува нејзината партија.

„Јас не сум квир,“ изјави Вајдел ова лето во интервју, користејќи го англискиот збор, „но сум во брак со жена што ја познавам 20 години.“

Според експертите, фактот што нејзиниот личен живот отстапува од партиската ортодоксија всушност ја зацврстува нејзината позиција како носител на знамето на АфД и прави партијата да изгледа помејнстрим.

„Вајдел стана лицето на партијата поради нејзината биографија и потекло, но и поради способноста јасно да зборува – дури и кога тоа е без многу емпатија,“ вели Вернер Пацелт, политички научник кој долго време ја проучува АфД.

Вајдел се приклучи на АфД во 2013 година, кога партијата беше речиси еднотематска и се фокусираше на противењето на заедничката европска валута. Со текот на времето, таа се искачи во партиската хиерархија и стана нејзина прва кандидатка за канцелар.

Делумно поради фактот што никој не сака да соработува со нејзината партија, Вајдел никогаш досега не извршувала владина функција. Првпат беше избрана за пратеничка во 2017 година.

Дури и пред нејзината нова истакната улога, таа беше редовен гостин на политичките дебати на германските телевизии. Вајдел тврди дека нејзината партија е либертаријанска, а не десничарско-националистичка, став што ја доведува во судир со некои од најжестоките членови на АфД.

Нејзиното течно владеење на англискиот јазик ѝ помогна да изгради однос со Илон Маск, милијардерот и поранешен советник на претседателот Доналд Трамп, кој ја интервјуираше Вајдел на својата социјална платформа X.

Во декември, Маск ја изненади партијата кога се појави преку видео врска на голем екран за време на кампањски настан во Хале, каде што ја поддржа АфД и им порача на присутните дека Германците имаат „преголем фокус на вината од минатото“.

Самиот Маск предизвика контроверзии кога, по инаугурацијата на Трамп, даде поздрав што многумина го протолкуваа како нацистички, за време на митинг со негови поддржувачи.

Во текот на интервјуто на X, Маск ја опиша Вајдел како „многу разумна личност“ и ја оддалечи неа и АфД од нацистите. И покрај напорите да се намалат асоцијациите со нацистичкото минато, се чини дека некои верни членови на партијата не ја разбрале пораката. Кога г-ѓа Вајдел се качи на сцената во Хале, толпата започна да скандира парола што беше не премногу суптилна игра на нацистички слоган, „Сè за Германија“, фраза која некогаш била врежана на ножевите на нацистичките јurишници. Таа е забранета во Германија. Толпата ја прилагоди само малку. „Алис за Германија!“ извикаа тие.

Извор: Њујорк Тајмс

Подготви: Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алис ВајделАФДГерманија

НАЈНОВО

Филипче од Прилеп: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

June 7, 2025

Уникатно африканско доживување на ОФФест со маестралниот Вју Фарка Туре и Флоренс Адони

June 7, 2025
Претставата „12“ на МТФ „Војдан Чернодрински“. Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

(ФОТО) Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk