Поранешниот потпретседател на САД во првиот мандат на Трамп, и републикански сенатор Мајк Пенс во средата го нападна својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, поради неговите коментари за Украина и Русија.
Господине претседателе, Украина не ја „почна“ оваа војна. Русија започна неиспровоцирана и брутална инвазија која однесе стотици илјади животи. Патот до мирот мора да се гради на вистината.
„Русија ја нападна Украина во најголемиот европски напад од Втората светска војна“, напиша Пенс во објава на Х, обраќајќи му се на Трамп.
Mr. President, Ukraine did not “start” this war. Russia launched an unprovoked and brutal invasion claiming hundreds of thousands of lives. The Road to Peace must be built on the Truth.🇺🇸🇺🇦
“Russia Invades Ukraine in Largest European Attack Since WWII” @FoxNews (February 24,… pic.twitter.com/HsWGdyCGOz
— Mike Pence (@Mike_Pence) February 19, 2025
Пенс се придружи на растечкиот број републикански сенатори кои се спротвставија на погрешните тврдења на Трамп за руската агресија врз Украина.
Вчера сенаторот Роџер Викер од Мисисипи, заедно со сенаторот Џон Кенеди од Луизијана, го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин и се чини дека се спротивставија на претседателот Доналд Трамп во врска со преговорите за мировниот договор за ставање крај на војната во Украина.
Драган Мишев / Цивил Медиа