РИСТО ЏАНГОВСКИ
– Оооо Џангоо, кај си бе ти? Те нема ко инвеститор по избори.
– Еве бе Мики,некаде сум кај шо не знам кај сум…ти кај тргна?
– До банка. Ќе зиам кредит.
– Не заебаај. Имаш јака фирма, добро ти иде, куќа направи, два стана купи, џип возиш…шо ќе ти е сеа кредит?
– Ќе зиам нови машини. Поволни услови брат. Непуни 2% камата, рок на отплата 15 години, грејс период…Од оние 250 милиони, од унгарскиот кредит.
– Тебе да ти даам кредит за нови машини? Никад!
– Зошо бе Џанго?
– Ако народов, кој ќе го плаќа кредитот, дава пари на некој газди да си купат машини, тогаш или тие не се добри газди или народецов е премногу наивен.
– Ама, ќе запослам уште тројца.
– Ахам, еден од Филипини и уште по еден од Пакистан и Непал…брао!
– Зошо бе така?
– Прво, зошо кај нас више нема невработени, усвари има ама се функционално неписмени. Као друго, ќе им даеш минималец на Филипинциве и остали. Као трече, по два месеци, уџум ќе фатат по Европана. Тебе ќе ти останат машините, нам обврската за каматите…
– Види, не е баш така…
– Шо бе, види не е баш така? Све имаш у животот…и станови, и куќи…ама немаш образование, немаш здравство, немаш спорт…
– Иди у к*рац!
– Ете видиш, и култура немаш. Мене некој ГАЗДА да ми рече “дај пари за да купам нови машини” ќе му кажам: батка, ако твојот бизнис не може да си дозволи нови машини, тогаш тоа и не е бизнис – тоа е хоби.
– Ама…!?
– Шо ама бе, ај гони се у пизду материну…тибам, и мене ми фали култура…и здравство! Ме нанервира а Дијазепам и Лексилиум не можам да купам без рецепт. Отидов до матичната. Ај!
– Ај!