ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фон дер Лајен: Слободна и суверена Украина е во интерес на целиот свет

February 24, 2025 09:40
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Веруваме во слободна и суверена Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во изјава за новинарите што ја придружуваат на нејзиното патувањето во Киев, меѓу кои и известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА.

Фон дер Лајен заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 21 еврокомесари, денеска престојува во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на земјата за независност и слобода.

– Украина е Европа. Нашето блиско партнерство е од украински, но и од европски интерес, нагласи Фон дер Лајен, додавајќи дека слободна и суверена Украина е во интерес на целиот свет.

Според неа, Украина има многу иновативна и просперитетна одбранбена индустрија, па соработката во таа сфера ќе ја зајакне отпорноста на Европска Унија, која презема поголема одговорност за сопствената безбедност.

Фон дер Лајен најави и дека ЕУ подготвува амбициозен пакет за енергијата, кој треба да ја зголеми енергетската безбедност и на Украина и на Европската Унија.

– Целта е пазарот на електрична енергија на Украина и Молдавија целосно да се интегрира со нашиот пазар на електрична енергија до крајот на следната година, нагласи претседателката на ЕК.

Таа најави и засилување на казнените санкции на ЕУ кон Русија, додавајќи дека Унијата сепак би можела да отстапи од тие планови ако Москва покаже вистинска волја за постигнување траен мировен договор.

Според Фон дер Лајен, ЕУ ќе се насочи и кон тоа да се затвори „буџетската дупка“ на Украина за целата 2025 година, а паралелно мора да работи и на забрзување на итната испорака на оружје и муниција за земјата.

– Тоа ќе биде суштината на нашата работа во наредните недели. Наскоро ќе презентирам сеопфатен план како да ги зголемиме производството на оружје и одбранбените капацитети на ЕУ. Бенефит од тоа ќе има и Украина, истакна фон дер Лајен.

Предвидено е за време на денешниот престој во Киев, Фон дер Лајен да им средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого ќе копретседаваат со заедничка седница на Колеџот на комесари на ЕУ и Владата на Украина, посветена на „иднината на Украина како слободна, суверена и европска нација“.

Tags: УкраинаФон дер Лајен
Next Post

Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФК Шкупи, Брегалница и ФФМ го осудија инцидентот во Штип, МВР уапси 43 годишен родител на фудбалер

August 25, 2025
Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk