ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најавена инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава од турската групација „Казанчи Холдинг“

February 25, 2025 20:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Мицкоски вечерва на прес-конференција најави мега-инвестиција во гасни централи која би изнесувала близу една милијарда евра од страна на турската групација „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, е еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.

Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во осум земји. Додека мнозинскиот сопственик на „АКСА Енерџи“, „Казанчи Холдинг“ работи во 22 земји на четири континенти.

– Јас во минатото говорев, кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух. И дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих, рече Мицкоски на прес-конференцијата по средбата со раководството на „Казанчи Хоилдинг“.

Како што кажа, станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

– Токму „Казанчи Холдинг“ е компанијата со која разговараме за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стига до домаќинствата по исклучително поволни услови. Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа се предвидуваат на 0 денари за домаќинствата, а цената на природниот гас за домаќинствата ќе биде многу пониска од онаа цена која е на берзите. Целиот проект, изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи е димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра, рече премиерот Мицкоски.

Оваа инвестиција, според него, не е важна само за трајно решавање на проблемот со загадување на воздухот, туку и за енергетскиот потенцијал на државата. Мицкоски вели дека инвестициите во ова поле се гаранција и зацврстување на нашата енергетска независност која во 21 век е всушност и зацврстување на сувереноста на државата во нејзиното одлучување и водење на политика.

– Разговараме за проекти кои се од темелно значење за животната средина, економијата, енергетската независност и стратешкото позиционирање на Македонија, рече Мицкоски посочувајќи дека разговорите продолжуваат и оти е сигурен дека за брзо време ќе има договор и конкретни чекори во реализација на нивните планови.

Премиерот посочи дека компнијата ќе биде на слободниот пазар без какви било субвенции од страна на државата, надвор од оние законски што на секој инвеститор му следуваат.

– Цената ќе биде одредена на слободниот пазар во зависност од тоа кој ќе биде конзумент на електричната енергија. Знаете дека топлинската енергија ја регулира регулаторна комисија така што тука нема што да се коригира или да се прави, рече Мицкоски.

Што се однесува до сите други прашања додаде тој, дури и по постоечкиот гасовод што доаѓа од нашиот источен сосед имаме слободен простор за оваа инвестиција целосно да биде снабдувана со гас.

– Но, исто така ќе ми дозволите да кажам една убава вест, а тоа е дека конечно очекуваме во март месец да го потпишеме договорот за почнување на изградната на интерконекторот со Грција бидејќи тендерската документација заврши. Имаме компанија која што има најевтина цена, најдобра понуда, имаме зелено светло од банките коишто го финансиираат ЕИб и ЕБРД така што очекувам и од тука да влеземе со уште една можност, а тоа е конечно јужниот интерконектор  да биде функционален и оперативен. Тоа е од прилика три милијарди нормални метри кубни годишно, рече премиерот.

Северниот интерконектор, како што кажа Мицкоски, е дел од проектите кои ќе бидат финансирани во Планот за раст кој беше донесен од страна на ЕУ. – Знаете дека таму имаме 750 милиони евра на располагање. Од тие 350 или 400 се за проекти, а 350 или 400 се за ликвидност на Буџетот, рече Мицкоски.

Џемил Казанчи, претставник на „Казанчи Холдинг“ на прес-конференцијата рече дека на средбата имало дискусии за брзо решение на капацитет како Акса групација за инвестиција во произвидство на електрична и топлинска енергија како и гасоводот за решавање на енергетските проблеми во земјата.

-Вкупаната инвестиција која планиравме да ја реализираме во текот на годините е, ќе биде приблично една милијарда евра и ќе и олесни на земјата да има посигурно и поодржливо обезбедување електрична и топлинска енергија и производство на струја што ќе биде корисно за луѓето на Македонија, рече Казанчи.

Next Post

Мицкоски за негласањето за европската резолуција во ОН: Сега не беше случај, но да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk