ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хамас изрази подготвеност да преговара со Израел за следната фаза од примирјето во Газа

February 27, 2025 12:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека е подготвена да преговара со Израел за следната фаза од примирјето во Појасот Газа, по размената на палестински затвореници и израелски заложници во текот на ноќта.

Преговорите за втората фаза, во која Хамас би ослободил десетици преостанати заложници во замена за повеќе затвореници и траен прекин на огнот, сè уште не се започнати. Хамас рече дека „единствениот начин“ Израел да обезбеди ослободување на преостанатите заложници е преку преговори и почитување на договорот.

Милитантите, исто така, предупредија дека секој обид на Израел да се повлече од примирјето „само ќе доведе до поголемо страдање“ за затворениците и нивните семејства.

Претходно денеска, стотици ослободени палестински затвореници пристигнаа во Европската болница во Појасот Газа, каде што треба да бидат вратени 445 Палестинци во рамки на примирјето меѓу Хамас и Израел. Во исто време, неколку десетици затвореници се вратија на окупираниот Западен Брег, а израелските сили депортираа 97 палестински затвореници во Египет.

Се очекува Израел да ослободи вкупно 642 палестински затвореници во оваа фаза од примирјето, откако властите во Тел Авив одбија да ги ослободат Палестинците во саботата, пренесува Ал Џезира.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на ноќта потврди дека телата на четворица заложници се вратени во Израел. Хамас синоќа му ги предаде телата на Црвениот крст, што на барање на Израел било направено без церемонија и присуство на медиумите.

Tags: Газаизраелпримирјеследната фазаХамас
Next Post

Грок 3 има гласовни опции „Без контрола“ и „Секси“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk