ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Реакција на Филипче: Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска

February 27, 2025 19:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца, ме згрози“, реагира претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за нејзината претходна изјава дека таа не купувала грашок во конзерва и не сфаќа зошто таква храна е ставена во потрошувачка кошничка за 4-члено семејство во која има и 13 литри млеко. Одоговорот од министерката беше крајно навредлив.

Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е, како што напиша Филипче, добро познат начин на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секогаш кога се соочени со критика, нивниот одговор не е дебата, туку омаловажување“, вели првиот човек на СДСМ.

Тој изрази жалење што „Славјанка повторно е мета на напади“.

„Не така одамна беше жртва на дискредитации и лаги од страна на пратеникот Ковачки. Често сме сведоци и на јавни исмевања и навреди од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, дури и на нејзиниот изглед. Тоа е нивната политичка култура – навреди, дискредитации и насилна реторика“, остро критикува Филипче во својата објава и истакнува дека „Славјанка е силна жена и врвен професионалец, човек кој секогаш се однесува со почит кон сите – за разлика од оние што ја напаѓаат“.

Според Филипче, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, „сведочиме на пад на политичката култура и голема нетолеранција кон критиката“. Според него, ако ова е нивното однесување на самиот почеток, во првите моменти на нервоза, можеме само да замислиме што ќе следува.

Тој побара од сите граѓани кои веруваат во демократските вредности да го осудат овој срамен чин. „Не смееме да дозволиме омаловажувањето и навредите да станат новата нормалност. Ова не е само напад врз Славјанка – ова е напад врз сите жени“, напиша Филипче.
Next Post

Муцунски не очекува резолуцијата во ОН да има последици врз патот кон членство во ЕУ

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk