ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

Ова е приказна за тоа кога кукавиците се среќаваат со херои и за неверојатното непочитување кон Украина. Америка сега стои на крстопат: Ќе застане ли со Зеленски или ќе се сврти кон тираните? Или, со други зборови, во овој момент на борбата за слобода, изборот на Америка (и светот) е помеѓу демократијата или покорување кон тиранијата.

March 1, 2025 16:04
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Трамп: Да ја немавте нашата воена опрема, оваа војна би завршила за две недели…

Зеленски: За три дена. Го слушнав тоа од Путин. За три дена.

Денеска, Трамп и неговиот заменик длабоко се понижија себе си и Америка. Тотален срам! Ова не беше првпат, и нема да биде последен. Меѓутоа, Зеленски останува херој – за Украина, за Америка која сака слобода и за светот кој сака слобода.

(моја објава на социјалните мрежи, Скопје, 28 февруари 2025)

Трамп и неговиот потпретседател, Џ.Д. Венс, се обидоа да го понижат храбриот лидер на Украина за време на нивната средба во Белата куќа. Светот гледаше со неверување. Беше тоа ужасна манифестација на ароганцијата и игнорантство кон лидер кој се бори за опстанокот на својата земја. Нивната врска со Путин не е само срамна, туку и исклучително опасна. Трамп и Венс прегазија преку сите можни мерила за пристојност, а и да не говориме за почитувањето на демократските вредности, слободата и правдата. Нивната очигледна сервилна поддршка и восхит за авторитаризмот, агресијата и воените злосторства се колку загрижувачки, толку и одвратни.

Со третирањето на долгогодишниот сојузник со такво непријателство, тие јасно сигнализираа дека се подготвени да поддржат еден диктатор како што е Путин, што е тотално предавство. Нема потреба да се каже, самото по себе е разбирливо дека ова нерационално однесување на двајцата највисоки лидери на САД го ослабува глобалниот статус на Америка, го дестабилизира сојузништвото и ја загрозува безбедноста на демократскиот свет.

И, секако, како што се очекуваше, ноќта, веднаш по овој неславен настан, Русија го интензивираше својот ракетен терор врз Украина. Мапата за предупредување од воздушни напади покажа дека скоро половина од земјата беше под закана од напад од дронови и ракети.

Во остар контраст со срамното однесување на Трамп и Венс, лидерите ширум Европа и светот покажаа итна, јасна и непоколеблива поддршка за Зеленски и Украина. Поддршката дојде од целиот политички спектар, без разлика дали се од центарот, левицата или десницата. Нивниот горд став докажува дека одбраната на демократијата ги надминува партиско-политичките граници. И, ваквото лидерство, без сомнение, ги охрабрува надежите на луѓето кои ја сакаат слободата, каде и да се – Европа, Канада или било каде во светот.

Претседателот Зеленски им заблагодари и цитираше низ голем број изјави од европските и светските лидери на социјалните медиуми, кои изразија своја решителна и силна поддршка преку јасни и директни пораки. Великодушен и грациозен, претседателот Зеленски исто така ја изрази својата благодарност и до американскиот народ, дури и до претседателот на САД, веднаш по заминувањето од Белата куќа (каде што се случи овој немил настан), без да го потпише договорот за минерали наметнат од Трамп, што е изнудувачки, рекетарски и колонијален чин.

Сега…

Сега е време за американскиот народ да преземе одговорност. Без разлика на политичката припадност – републиканци или демократи, конзервативци или прогресивци – Американците мора да застанат зад основните вредности на нивната нација: слобода, демократија и правда. Срамното изневерување на Украина и опасната врска со Путин и други авторитарни фигури и тирани мора да застане тука.

Ако не биде сопрена, агресијата на Русија ќе се вгнезди длабоко во американското општество – не преку воена агресија, туку преку измама, поларизација и потчинување. Путинова Русија се заканува да ја покори големата американска нација без да испука ниту еден куршум, на сметка на американскиот народ и суштината, духот на слободниот свет.

Борбата за демократија е борба за Украина – и не само за Украина. Од првиот ден, тоа е борба за одбрана на слободниот свет… за одбрана од целосен и срамен пораз на целиот свет. Ова е време за дејствување. Запомнете го ова: секој од нас, без разлика на тоа колку мислиме дека сме мали, без разлика каде живееме, сите имаме шанса, но и обврска да ги одбраниме демократијата, слободата и правдата – темелот на човештината.

Кажано е безброј пати, и треба да се памети: Претседателот Зеленски и украинскиот народ се борат не само за својата татковина, туку и за идеалите на слободата и правдата кои го дефинираат демократскиот свет. Нивната отпорност, стоицизам и херојство во борбата против агресијата и тиранијата се светилник на надежта за сите што ја сакаат слободата.

Америка и слободниот свет стојат исправени пред својата последна шанса – не смеат да ја изневерат оваа борба. Поддршката за Украина е поддршка за самата демократија. Сега е време да се осуди и одбие кукавичлукот, да се одбие додворувањето и да се отфрлат сите што сакаат да ја трампаат слободата со покорување и профити.

Сакам да испратам порака до претседателот Зеленски и украинската нација: Вашата борба е праведна, вашата кауза е чесна, и не сте сами. Светот гледа и историјата памети. Правдата ќе победи. Нација која не потклекнува е непобедлива. Нација која се бори за својата слобода секогаш ќе победи.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

На Сијарто му било јасно кој бил за мир, а кој за војна

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk