ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена

March 4, 2025 13:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите граѓани кои сметаат дека нивната сметка за потрошена електрична енергија е неточна имаат законско право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во рок од 8 дена. Пријавата мора да содржи број на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата и се доставува на адресата info@evn.mk.

Доколку граѓанинот не е задоволен од одговорот има право на жалба до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

– Ако ЕВН не одговори во законскиот рок или граѓаните не се задоволни од одговорот, можат да се обратат до РКЕ на erc@erc.org.mk или potrosuvaci@erc.org.mk, приложувајќи ги документите од постапката со ЕВН. РКЕ ќе изврши независна истрага и ќе донесе обврзувачко решение, прецизираат од Министерството, појаснуваат денеска од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Доколку РКЕ донесе одлука во полза на граѓанинот, како што посочуваат, ЕВН е законски обврзан да ја коригира сметката, најчесто со пресметковно намалување на следните фактури.

– Во случај на негативна одлука, граѓаните имаат право да поведат управен спор, потенцираат од Министерството.

Според законот, ЕВН Хоум е должно квартално, на секои три месеци, да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни.

– Од ЕВН Хоум информираат дека околу 85 отсто од броилата се отчитуваат секој месец. Меѓутоа има броила кои се поставени во имотот на корисниците и кои не можат да се отчитаат доколку корисникот не е присутен. Вкупно 15 отсто од броилата, во кои влегуваат непристапни, во одделни рурални средини, се читаат два пати годишно, велат од Министерството.

Во период од три месеци, како што посочуваат, процентот на отчитани броила бил над 95 отсто.

– За броилата што нема можност да се отчитаат во текот на месецот, фактури се изготвуваат врз основа на прогнозирана потрошувачка преку автоматски алгоритми, каде што основот е кривата на потрошувачка и потрошувачката во последните 12 месеци, појаснуваат од Министерството.

Нагласуваат дека според информациите на ЕВН Хоум, по вовдувањето на блок тарифите се вовел механизам на проверка.

– За потрошувачката на корисниците кои прв пат влегуваат во четвртиот блок се појавува „системска нотификација“ и секогаш поединечно се проверуваат од страна на Електродистрибуција. Овој процес се спроведува пред да му се достави фактурата на корисникот. Во ваков случај, доколку влегувањето во четвртиот блок е последица на претходни неотчитани месечни состојби, односно нефактурирани киловат-часови, фактурата веднаш се коригира, порачуваат од Министерството.

Доколку граѓаните се сомневаат дека нивните броила не се редовно отчитувани можат да ја споредат фактурата со вистинската состојба на броилото, а ЕВН е должно да реагира. Граѓаните имаат можност и сами да пријават состојба со отчитување на броилото и да ја пратат на мели адресата на ЕВН или да поднесат барање до ЕВН Хоум за физичко отчитување на броилото и проверка на блоковите, доколку не се во можност сами да го отчитаат броилото. Воедно може да побараат и доказ за отчитување.

– Според законот, ЕВН мора да обезбеди потврда за кварталното отчитување. Доколку ја нема, граѓанинот има право на ревизија, порачуваат од Министерството.

Сите корисници кои сакаат сами да ги пријават состојбите на броилата тоа можат да го направат на https://evnonline.mk/index/meterdata или https://evnonline.mk/payment/meterdata, или со електронски допис на info@evn.mk или elektrodistribucija@evn.mk, како и со јавување во Колцентарот на ЕВН на телефонскиот број 02 32 05 000.

– Од 820 илјади броила во Македонија, во ЕВН Хоум, во периодот  од  декември 2024 до јануари 2025 година, пристигнале 15 000 приговори, но како што информираат од таму, само мал број од овие пријави (15 отсто) се ревидирани според новопрочитана состојба, за останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка. Од ЕВН Хоум информираат дека бројот на пристигнати поплаки во овој период е за 20 отсто помал отколку во периодот од декември 2023 до јануари 2024 година. До второстепениот орган РКЕ, пак, до 28.02.2025 година пристигнати се 345 приговори, посочуваат од Министерството.

Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини нагласуваат дека во тек се активности за активирање на современа апаратура за проверка на броилата во Бирото за метрологија со што ќе се овозможи дополнителна независна верификација и проверка на броилата, по жалба на потрошувачите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕВНСметки

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk