Ние се бориме со руските дезинформации од самиот почеток, и морам да кажам дека како новинар и проверувач на факти, спротивставувајќи се на дезинформациите и пропагандата, деновиве се наметнува едно прашање: како да и објасниме на публиката, кој е добар, а кој е лош. Додека ја слушаат руската пропаганда, од устата на нашиот – до вчера најголем сојузник. Како да им ја објасниш оваа нова реалност?, вели Драган Мишев, уредник во ЦИВИЛ Медиа, на панелот Дезинформацијата како оружје: Спротивставување на дезинформациите и хибридната војна“.
„Ако досега ни беше кажано дека зборувањето и пишувањето за руска пропаганда, до македонските медиуми доаѓаше речиси исклучиво преку Белград, со доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД, работите се измешаа. И некако ја земаа поентата од претходната гледна точка, сега станаа неприродни.
Сега, без никакво двоумење, може да се пренесат руски пропагандни наративи преку изјавите на високите владини функционери, а притоа имаат и алиби, дека не се во судир со заедничкиот интерес на нашата земја, а најмалку со еден, но доста значаен дел од сојузниците.
Така, сега кога класичната руска пропаганда не го напушти регионот, би дал пример како одреден медиум ја шири руската вистина, сега, со манипулативни наслови. Како кога балтичките земји решија целосно да се исклучат од енергетскиот систем на Русија и симболично да ги прекинат врските со Русија, овој македонски медиум излезе со наслов „Русија ќе ги исклучи балтичките земји“, истакна Мишев.
Д. Т. / Цивил Медиа