РИБАРО
Премиерот на Нашата земја видно возбуден во изјава за АХА вели дека постигнал договор со третиот заменик на заменикот на помошникот секретар на САД за Балканот, дека неговото монархистичко височество кралот Доналд Трамп ветил дека ќе ги храни нашите граѓани и нашата бјутифул кантри, ќе зголеми плати и ќе ги намали цени. Трамп ќе нè направел нешто слично како Трамп Газа на Балканот само помалку егзотично.
– Ми го вети третиот заменик на заменикот. Вели – брат ич да не ти чуе, Трамп е со тебе. Нит ЕУ ти треба нит бутур. Тепај се таму со европјаните. Батко ти Орбан е до тебе. Ете ти го сега Ердоганчо, Фичкото е прва замена, а Путинчо ти и позади тебе. За кжз го имаш Маск. Ќе ја смее Илон цела нација со неговиот грејт хумор ќе паѓа во транс цел народ. Ќе бидат гладни ама весели, нели тоа е најбитно. Сепак, немај мака и терај еден живот сега. Не само ГОРДИ и ГРЕЈТ ќе ве направиме! Ти братче само мавај по ЕУ, тоа е најбитно во моментов за нас. Мислам може да е битно и за тебе и твојата бјутифул кантри, ама не сум сигурен. Во секој случај секако со вакви како тебе немавте шанса да му се придружите на европското семејство. Ако не сака Канада, ќе ве правиме вас 51 америчка држава, иако нè дели еден прекрасен голем океан и некое море помеѓу нас. Ете така ми вети, радосно изјави за АХА, премиерот Мицкоски.
П.С. Чувај се малку од Путинчо наш, незгоден е кога ќе е позади тебе може да падне во искушение и да ти го оп** онака другарски. За сè друго стојам на кажаното освен за последново. За тоа не ти гарантирам безбедност, изјавил третиот заменик на заменикот на помошникот.
– Ма тоа е најмал проблем, му возвратил еуфорично Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK