„Проблемот со популизмот и авторитаризмот е што се полесни да се „продадат“, отколку демократијата. Тоа значи ние ќе се бориме, ние ќе победиме, но прашањето е после што? После нова војна, нова револуција? Општеството треба да се разбуди“, изјави Оливие Ведрин, директор на Асоцијацијата Жан Моне на вториот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, насловен „Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија“.
„Ќе дојде ден кога луѓето во САД и во Русија, во други авторитарни општества ќе се разбудат. И тогаш ние ќе мора да им понудиме нов демократски систем со нашите вредности. А за тие вредности треба да се бориме во САД, во ЕУ, во Европа“, додаде Ведрин.
Извор: Цивил Медиа