ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Ги замолкнаа, пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, се согласија па ја повлекоа осудата на дискриминацијата

March 5, 2025 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во месецот кога светот ја слави борбата за правата на жените, македонската јавност сведочи на политички судир околу родовата еднаквост и односот кон жените во политиката. Изјавата на пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, ги отвори прашањата за говорот на омраза, дискриминацијата и (не)функционирањето на механизмите за заштита на жените во политиката.

Тренчевска ја обвини пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, за изјави со кои, според неа, биле повредени жените во државата и граѓаните во целина. Според неа, наместо извинување или оставка од морални причини, јавноста добила дополнителни омаловажувања и дискриминација.

Проблемот се продлабочи кога Клубот на пратенички – тело кое треба да го штити дигнитетот на жените во политиката – првично постигнал договор да излезе со реакција против секоја форма на дискриминација врз жените. Сепак, како што тврди Тренчевска, пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ ја повлекле својата поддршка за таа реакција само неколку часа подоцна.

„Кој им се јави и кој ги предомисли, треба тие да кажат?“ – прашува Тренчевска, алудирајќи на можни политички притисоци или влијанија.

Таа нагласува дека премолчувањето на говорот на омраза оди на штета на женските права и ја доведува во прашање суштината на постоењето на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности.

„Со ваквото однесување се испраќа порака дека женската солидарност е мисловна именка во нашето општество“, предупредува Тренчевска, потенцирајќи дека ова се случува токму во пресрет на 8 Март – Денот на жената, кога традиционално се оддава почит на вековните борби за еднаквост.

 

Tags: СДСМТренчевска
Next Post
Фото: МДАМ

Во Рим промовирана македонска поштенска марка за поддршка на лицата со ретка болест ,,Душен мускулна дистрофија"

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk