ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Расказот „Наредното евангелие“ на Томислав Османли објавен во новото туско списание за култура „Traktatus“

March 6, 2025 12:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Томислав Османли. Фото лична архива

Томислав Османли. Фото лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

Новото туско списание за култура „Traktatus“, деновиве го објави расказот на Томислав Османли насловен „Наредното евангелие“. Расказот од македонски го преведе Мехмед Јонуз, додека како негов уредник се јавува книжевна теоретичарка и писателка Сема Ватансевер. Списанието „Traktatus” ја носи одредницата „Мисла и уметност“. Неговиот прв број се појави во декември минатата година, при што тоа се јавува во две изданија, печатено и електронско. Расказот на Османли се појавува во двете негови верзии.

Прозата на Османли е апострофирана во воведната белешка на уредникот на списанието, Хасан Орхан. Овој втор број на списанието го вклучува расказот на Томислав Османли; Песните на Cansu Köse, Sohrab Sepehri и Nurullah Genç; Есејот на Zeynep Kaçmaz, критиките на Cansu Bican и Melike Sarica; полемиката на Saribuva; Филозофијата на физиката на Ahmet Aldemir и други слични дела…“

„Наредното евангелие“ на Томислав Османли е куса проза која го проблематизира отуѓениот свет на денешницата, фокусирајќи ја пандемијата како метафизичка казна за современото човештвото одродено од автентичните етички и морални вредности што го доведува пред самиот раб на постоењето. Во видувањето на Османли, пандемијата е конечна предупреда за глобалната цилизација која ризикува да се самоукине, крајно изневереувајќи ја филантопската бит која треба да ѝ е неотстапна одлика. Според авторот, глобалната поделеност и егоизам се повод за социјалните дистанцирања во денешницата од затворања, самоизолации, осамувања, при што новата реалност се држи на истенчените конци од сочувственоста. Со зборови на горчлива иронија, авторот сочувственоста му ја припишува единствено на бога, која како таква се заканува да стане неизустена катастрофа на светот…

Расказот „Наредното евангелие“, пишуван во библиски стил и јазик, беше објавен низ повеќе книжевни медиуми во регионот, почнувајќи од прилогот ЛИК во Македонија, преку Хрватска (Književnost.hr), Србија (Sinhro.rs), Босна и Херцеговина (Astronaut.ba), до Грција (Ενεκεν).

Оваа е инаку втора објава на прозата на македонскиот писател во Турција. За прв пат, заедно со биографија на авторот, расказот „Наредното евангелие“ (“Bir sonraki İncil”) пред три години беше публикуван на е-порталот за литература и книжевна критика „Kritikbu” од Истанбул, што се појавуваше двојазично – на турски и на англиски јазик. Неодамна списанието згасна, па неговата уредничка С. Ватансевер преводот на М. Јонуз го предложи за објавување во новото книжевно списание „Traktatus”.

Tags: Томислав Османли
Next Post

Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk