ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Честит 8ми Март!

March 8, 2025 08:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФЕМИНА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

Никогаш не би се дефинирала себеси како феминистка ако не остануваше толку многу за правење дури да се стигне до рамноправност. Веројатно повеќе би можела да се пронајдам во некој термин како егалистка, со некој латински корен од еднаквост и рамноправност, бидејќи во супериорноста читам неправда.

Позицијата на жената на светско ниво е алармантна. Елементарни човекови, а не женски права, се прекршени во огромен број земји. Вртоглаво ни растат феминицидите, се спори правото на избор со тоа што се отежнува пристапот кон абортусот и/или медикаментозен прекин на бременост, се налага начин на облекување, разликите во платите за исти квалификации и ист труд продолжуваат да се длабат, ексцизијата сè уште се практикува за да ѝ се скрати правото на жената на оргазам, сексуалното насилство често завршува со инверзија на жртвите, сексистичките навреди и мизогинијата најдоа плодно тло по улици, по јавен превоз и по виртуелни платформи… Па добро бе, другари, дали навистина мислите дека нè заболе за каранфили и ружи, ако уште во следниот момент после подарувањето ни го сјебете сиот еманципаторски елан и општествено-политички статус?

Ние како цивилизација имаме огромен проблем: сите обиди да се материјализира нашата женска позиција, што всушност е еминентно човечка, се изјаловуваат оти таа материјализација се разбира како монетизација. Запрашајте се само како денов што основно беше декретиран како ден за борба помина во конзумеристички празник каде кафана, роза и тенџере се главни одлики. Немам нешто посебно против чајанки, цвеќе или есцајг прибор за кујна на денов, но и тоа како имам против оваа легитимна битка за фундаментални права да ми ја сведувате на материјализам. Несомнено, исклучително е тешко да се направи чекор напред кон уживањето на истите права и обавувањето на исти обврски.

За крај, веројатно дел од вас паметат дека една од моите идеолошки менторки е Симон де Бовуар, па нема да ве чуди заклучокот со два нејзини цитати:

„Жената не е жртва на никаква мистериозна фаталност: не треба да се заклучува дека нејзините јајници ја осудуваат за навек да живее на колена.”

И вториот, никогаш да не ви излезе од ум:

„Никогаш не заборавајте дека доволно ќе биде една политичка, економска или религиска криза за правата на жените да бидат доведени во прашање. Тие права никогаш не се гарантирани. Цел живот треба да останеме внимателни.”

Па, кажете, фер ли е?


Авторката е магистрант на катедрата за централно – европски студии, Сорбона, Париз.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 8ми мартТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk