ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Беџети: ДУИ не најави бојкот на локалните избори, но можна е политичка криза

March 9, 2025 12:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза, вели Блерим Беџети од ДУИ во интервју за Радио Слободна Европа.  Тој смета дека во таква ситуација не би можеле да се одржат локални избори. На државата, според, него и се потребни и предвремени парламентарни избори.

Прашан за најавата на ДУИ дека ќе нема локални избори доколку со нив паралелно не се одржат и парламентарни избори, ако се чепне Законот за јазиците и дали тоа може да се толкува како бојкот, или како најава за политичка криза што ќе спречи воопшто да се одржат локалните избори, Беџети вели – „напротив, ние не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори, и на последните парламентарни избори, изборниот легитимитет на етничките Албанци, и другите етнички заедници е кај Европскиот фронт“.

– Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицковски. Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Затоа што само така ќе се врати стабилноста, политичката стабилност, но и можноста во економската и сите други сфери во нашата држава да има стабилност и да се работи на прогрес и општо добро на граѓаните. Недозволиво е да се почитува само едниот легитимитет во државата од двете најголеми етнички заедници во државата, и затоа бараме предвремени парламентарни избори. А во другата насока околу најавите за Законот за јазиците, да вистина е, бидејќи ние имавме средби со граѓаните. На тие средби со граѓаните што ги имавме со ограноците на ДУИ, граѓаните имаа можност да постават прашања до претседателот Али Ахмети и до сите други, и ако ги следиме сите прашања и коментари, загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво. Нормално ние сме избрани од Албанците и граѓаните и ние свесни сме каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност, и те како се нарушува, вели Беџети.

На прашање дали очекува немири во тој контекст одговара дека не може да се очекува стабилност.

– Меѓу 13-те политички субјекти што иницирале такви иницијативи пред Уставниот суд е и ВМРО-ДПМНЕ и да очекувате дека тие што го имаат легитимитетот да ускратат права на втората етничка заедница. Мислам дека тоа е јасно, кон што води. Неслучајно ние сме имале и пратенички прашања и други ставови, политички ставови и сме очекувале дека минимално и од коректност и од почит кон втората етничка заедница да се повлече таа иницијатива. А зошто да не се дебатира за сите полиња на прогрес, а не регрес на правата на Албанците, наведува Беџети и дополнува дека секако дека ќе дојде до политичка криза, ако се чепне во Законот за јазиците.

Според Беџети,  за локалните избори има време, досега не е одлучувано ниту за кандидати, ниту е дефинирано со коалициските партнери. – Периодот пред нас за жал и во овој месец, еден параполитички орган како што е Уставниот суд ќе експериментира „во начело на правото“ со законот за употребата за албанскиот јазик, вели Беџети.

Коментиајќи го тврдењето на Уставниот суд дека не расправа за правото на користење на јазикот, Беџети вели  дека „тие не можат секој месец да експериментираат со правата на втората етничка заедница во државата, имајќи ги предвид и ставовите на претседателот на Уставниот суд и начинот на којшто се гласа во Уставниот суд со етничко гласање, веќе е недозволиво“. Сите треба да ја преземеме одговорноста и да бидеме претпазливи, не да кратиме еден спрема друг и да кратиме права, дополнува Беџети.

Вели дека не контактира со поранешниот функционер од ДУИ Артан Груби кој е во бегство и посочи дека партиски став е оти секој што згрешил пред законот треба да одговара пред органите.

Прочитајте и…

Судир на Мицкоски со Османи за македонскиот и албанскиот јазик – Дали на повидок е политичка криза?

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Блерим БеџетиДУИ

НАЈНОВО

Сабаленка против пет сетови во женскиот тенис

July 1, 2025

Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето”

July 1, 2025
Скриншот

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk