РИБАРО
Итриот премиер на Нашата земја господинот Христијан Мицкоски, кој беше критикуван за јавните набавки во Владата за храна, дал наредба Владата да закупи плантажи во Африка, на кои ќе се одгледува манго и папаја за да се скрателе владините трошоци, дознава АХА.
На оваа генијална идеја дошол нашиот Мицкоски, откако многу итро пред медиумите рече дека не може да живеат од воздух и мора нешто да се јаде.
– А да закупиме плантажи во Африка на кои ќе се одгледуваат манго и папаја, па со карго авиони ќе си ги носиме во Владата. Така ќе им ги затвориме устите на злобните медиуми кои нè критикуваа и не нè оставаат раат да си уживаме. Зошто да не? Ќе го именуваме тоа како инвестиција и ќе влезе во билансот на смарт инвестиции. Ајде, нека смисли Кочоска некој пригоден термин и да тераме еден живот, рекол Мицкоски пред своите блиски соработници, дознава АХА.
– А кога ќе се побунат работнициве за минималната плата и цените, како ќе одговориме Премиере, прашал еден од присутните.
– Па тие, за разлика од нас, се научени да живеат од воздух. Што ќе им се повисоки плати? Само ќе ги збунуваат и ќе им се направат проблеми зашто ќе треба да пресметуваат за што и како да ги потрошат. Многу ќе им дојде, да не ги збунуваме луѓето. Сигурно не сакаат да имаат такви дополнителни маки, рекол Мицкоски задоволен од својата досетка.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK