ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ

March 11, 2025 11:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите во јавните финансии се клучен чекор за секоја држава што се подготвува за членство во ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет.

На презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, Рокас напомена дека носителите на политики треба да ги сметаат фискалните совети како клучна цел во процесот на донесување на јавните политики. Фискалните совети, рече, поттикнуваат јавни дебати за фискални прашања и транспарентност што им овозможува на граѓаните и деловните субјекти, како и на инвеститорите подобро да ја разберат фискалната и финасиската состојба во нивните држави. Во овој контекст тој го поздрави формирањето на Фискланиот совет во земјава, како и напорот за јакнење на неговиот капацитет и мандат.

Рокас потсети дека во ЕУ, целта на фискалните совети е да вршат независен надзор и да го следат придржувањето кон фискалните правила што значи, како што истакна, да се избегнуваат преоптимистичките владини проценки или неодржливите планови за јавните трошоци кои може да доведат до фискални дисбаланси.

-Од 2018 година поддржуваме реформи во јавните финансии со проекти од околу 13 милиони евра. Основањето на Фискалниот совет во 2023 година беше значајна пресвртница во усогласувањето со рамката за економско упраување. Носителите на политики треба да ги сметаат фискалните совети како клучна цел во процесот на донесување на јавните политики и затоа, зајакнувањето на фискалните совети низ целата ЕУ се смета како клуч за фискална стабилност, напомена евроамбасадорот.

Според него, фискалните совети во бројни држави се соочуваат со предизвици, а нивната делотвореност зависи од нивната независност.

-Очекуваме парламентите да бидат важни ресурси кои ќе работат со реални очекувања и проценки. Улогата на фискалните години се засили уште повеќе за време на кризите. Енергетската криза ја нагласи потребата од нивната улога, истакна Рокас.

Презентацијата  „Фискално управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет“ почна со воведни обраќања на претседателите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, Сања Лукаревска и Бојан Стојановски.

Лукаресвка потенцира дека само со почитување на фискалните правила и нивна имплементација  ќе имаме стабилна економија. Фискалниот совет, дополни, мора да ја зацврсти својата улога и да продолжи со заложба за транспарентност на владините политики.

-Клучни карактерсистики за негова ефикасност е политичката независност, пристап до информации и можност за јавна дебата за економската политика и регулатива, рече Лукаревска која се осврна и на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, порачувајќи дека земјава, и покрај тоа што беше исправена пред многу предизвици, мора да ја спроведе реформската агенда во јавната администрација, дигитализацијата, зелената енергија, човечкиот капитал и владеењето на правото. Според Лукаревска, државава не смее да импровизира со средствата од Планот за раст.

Претседателот на Комисијата за економски прашања Бојан Стојановски истакна дека Фискалниот совет е тело за пример со членови кои се експерти во областа. Вратата на Собранието, нагласи, е секогаш отворена за соработка.

На презентацијата зборуваше и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава Масимилиано Паолучи.

По презентацијата во Собранието, Фискалниот совет, во соработка со Светска банка, организира и конференција за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет. Конференцијата е финансирана од Фондот за доверба на Европската унија за зајакнување на фискалното управување во Западен Балкан.

Tags: ЕУРокас
Next Post

Филипче до работниците: ВМРО-ДПМНЕ го оцрнува секој од вас кој бара достинствена плата!

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk