ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: ТикТок од утре официјално се затвора во Албанија; Српскиот динар во Косово забранет во прописите, прифатен на пазарот; Операција за спас на имотот на криминалецот Радоичиќ

March 12, 2025 15:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за електронски и поштенски комуникации (АКЕП) официјално побара затворање на пристапот до TikTok во Албанија. Преку е-пошта испратена до сите ентитети на интернет провајдерите (Интернет услуги), АКЕП побара да го блокираат пристапот до TikTok до 13 март, јавуваат албанските медиуми.

Владата на Косово начелно ја одобри иницијативата за склучување на рамковен договор за соработка во областа на одбраната меѓу Косово и САД, пренесоа косовските медиуми.

За денешното издание на АЛ –Прес, редакцијата ја одбра колумната „„Во Србија започна операцијата за спас на имотот на криминалецот Милан Радоичиќ“, од косовскиот автор Енвер Робели.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот  редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Арбреш: Од утре TikTok официјално се затвора во Албанија

Од 13 март 2025 година, TikTok нема да  функционира во Албанија.

Управата за електронски и поштенски комуникации (АКЕП) официјално побара затворање на пристапот до TikTok во Албанија.

Преку е-пошта испратена до сите ентитети на интернет провајдерите (Интернет услуги), АКЕП побара да го блокираат пристапот до TikTok до 13 март.

Забраната се очекува да трае 12 месеци или додека компанијата TikTok не преземе мерки за зголемување на безбедноста и ставање филтри на оваа платформа за социјално вмрежување.

Во писмото се наведува дека Националната управа за сајбер безбедност (АКСК) побарала преземање на неопходните мерки за блокирање на пристапот до апликацијата ТИК ТОК и нејзината дигитална инфраструктура на албанска територија, преземајќи ги следните дејствија: Блокирање на ИП на ТикТок на територијата на Албанија; Блокирање на DNS на TikTok на територијата на Албанија; Блокирање на SNI (индикации за името на серверот) на TikTok на територијата на Албанија; Блокирање на IP-адресите на компанијата ByteDance на територијата на Албанија, пренесе Арбреш.

Еуроњуз: Граѓанска прогноза за изборите, која партија ќе победи според нив?

Албанија го спроведе второто изборно мерењето во јануари 2025 година. Периодот на собирање податоци за второто изборно мерење на барометарот Euronews-Albania е од 15 до 25 февруари 2025 година.

Без разлика за кого ќе гласате или не, која партија мислите дека ќе победи на изборите?

На ова централно политичко прашање за изборите, 61,1 отсто од граѓаните предвидуваат дека изборите ќе ги добие СП. Во меѓувреме, 20,7% од испитаниците предвидуваат дека ДП ќе победи на изборите, 3,7% предвидуваат дека ќе победи Албанија Бехет, 1,2% сметаат дека ќе победи Партијата на можности и 1,2% предвидуваат дека ќе победи Заедничкото движење.

КОСОВО

Балкан веб: Косово одобри  иницијатива за договор со САД во областа на одбраната

Владата на Косово начелно ја одобри иницијативата за склучување на рамковен договор за соработка во областа на одбраната меѓу Косово и САД.

На седницата на Владата, премиерот Албин Курти рече дека со овој договор Косово и САД се посветени на унапредување на соработката „на полето на одбраната како: одбранбено планирање, стратешка стабилност како и градење стратешки воени капацитети“, пренесе Балкан веб.

РСЕ: Српскиот динар забранет во прописите, прифатен на пазарот

Пред една година Косово го прогласи за незаконски српскиот динар, но на северот на земјата парите го наоѓаат својот пат. Додека банките го отфрлаат, продавниците и продавачите сè уште го прифаќаат – некои поотворено, други повеќе во сенка. За многу граѓани забраната не ги запре трансакциите, едноставно ги комплицираше.

Банките во Косово – вклучително и северниот дел на земјата – не вршат финансиски трансакции со српски динари.

Регулативата на Централната банка на Косово, која забранува плаќања во валути различни од евра, стапи на сила на 1 февруари 2024 година, додека преодниот период за нејзино спроведување заврши на 13 мај истата година.

Српските финансиски институции на север, во меѓувреме, беа затворени, додека филијалите на косовските банки беа отворени. Со тоа заврши речиси 25-годишната практика на користење на динарот на тој простор.

Во меѓувреме цените во динари сè уште се прикажани на излозите на некои продавници во Северна Митровица, кои тимот на РЕЛ ги посети во првата недела од март.

Но, во продавница со дневни производи за широка потрошувачка, кај плоштадот „Цар  Лазар“, сопственикот вели дека плаќањето во динари е забрането. Дури и цените во тој бизнис беа во евра.

„Кој дава динари, ние ги претвораме [според цената во евра] и потоа ги купуваме еврата“, вели сопственикот, без да сака да биде идентификуван.

Тој додава дека „го прифатил ризикот да прима плаќања во динари, бидејќи не сака неговите клиенти да си заминат“, се наведува во статија на Радио слободна Европа на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: „Во Србија започна операцијата за спас на имотот на криминалецот Милан Радоичиќ“

„Големите протести во Србија против режимот на Александар Вучиќ изгледа го исплашиле неговиот соучесник во валканите работи Милан Радоичиќ , дека еден не толку далечен ден,  ќе мора да одговара пред правдата.

Пред да се случи ова, Радоичиќ им го предаде богатството на сопругата и на бројните партнери од темниот свет. 16 месеци по терористичкиот напад на Радоичиќ на северот на Косово, не се гледа ниту буквата „О“ од обвинение  против него.

За да седне Радоичиќ на обвинителна клупа, треба да падне Александар Вучиќ“, пишува Авторот Енвер Робели, во колумната „ Во Србија започна операцијата за спас на имотот на криминалецот Милан Радоичиќ“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025
Фото извор: Укринформ

Зеленски: Русите синоќа ја нападнаа Украина со 26 крстосувачки ракети и 597 дронови, убиени се две лица

July 12, 2025

Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk