– Добро е што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски. Тоа го поздрауваме. Сега очекуваме овој скандал, оваа финансиска афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност, истакна на прес конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите. Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите. Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција’, изјави Кузеска.
СДСМ, рече Кузеска, денеска изнесува дополнителни информации кои ќе ѝ помогнат на ДКСК, но и на сите надлежни институции, во целосно расчистување на овој случај.
„Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добивал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ. На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики. Кличаров го има и по штабовите на ДПМНЕ, по Општинските комитети, со градоначалници, пратеници и други функционери од владејчката партија. Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите“ на новинарството. Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ. Ете каде завршуваат парите на граѓаните“, истакна Кузеска.
Таа побара одговорност за овој скандал.
„Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ред завршница на предметот но и вклучвање на Јавното обвинителство – правдата мора да биде задоволена! Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани. СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот!“, рече Кузеска.
Поврзано:
Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација