Демонстрантите кои претходно дојдоа пред српската телевизија Н1 решија да се повлечат од блокадата на влезот на телевизијата. Како што информираат од Н1, „тие беа пречекани со извици „Браво“, од граѓаните што беа од другата страна.
Вработените од Н1 им се заблагодарија на поддршката на оние кои дојдоа да ја поддржат Н1.
Претходно група од околу стотина непознати лица се собрала пред влезот на дворот на редакцијата Н1. Не се знае зошто се собрале и не дозволуваа никој да влезе ниту да излезе од дворот.
Полицијата ги одвојуваше две групи – оние кои протестираат против Н1 и група вработени од „Erport siti“, кои дојдоа да ги поддржат вработените на Н1.
Програмскиот директор на Н1, Игор Божиќ, додека траеше блокадата рече дека нема да ги покани демонстранти во студиото на Н1, „бидејќи владините претставници не доаѓаат кај нас, а ние многупати сме ги поканиле“.
„Ова е автогол на Александар Вучиќ или кој и да е со оваа акција. Пријатно сум изненаден од реакцијата на вработените од компаниите кои работат во „Erport siti“. Морам да им се заблагодарам, тоа покажува поддршка, а од друга страна, и атмосферата во општеството што ја покажува и известува Н1. Тоа не можете да го видите на националните медиуми“, рече Божиќ.
Ј. Ѓ.