Атлетико Мадрид во синоќешниот меч против Реал Мадрид по основните 90 и дополнителните 30 минути имаше 1:0, но загуби на пенали (2:4) и е елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Изведувањето на пенали предизвика бројни полемики, особено поради контроверзен момент во пенал-серијата.
Фудбалерот на Атлетико, Хулиан Алварез, успешно го изведе пеналот, но при ударот се лизна, а топката сепак влезе во голот. Судиите првично го признаа погодокот, но по ВАР проверката, главниот арбитер Симон Марчињак донесе одлука да го поништи голот. Причината беше тоа што Алварез ја допре топката двапати при изведбата, што е спротивно на правилата.
Од објавената снимка на социјалните мрежи, јаасно се гледа двојниот допир на Алварез.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨
TNT channels show another angle of Alvarez’s penalty kick.
— حسن الناقور Mr.Nagoor (@hasanalnaqour) March 13, 2025
Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде ќе игра против Арсенал. Првиот натпревар ќе се игра во Лондон на 8 април, а реваншот во Мадрид на 16.