Српскиот тениски великан Новак Ѓоковиќ, очигледно воодушевен од масовноста на протестот во Белград, со недвосмислена поддршка за студентите што протестираат во Србија.
Тој на неговиот официјален Фејсбук профил сподели во „стори“ фотографија од денешниот грандиозен студентски протест од Белград на која напиша: Историја! Величествено!
Ова не е првпат Ноле да даде подршка за студентите што протестираат.
Тој својата победа во третото коло од Австралија опен (рутински го совлада Томаш Махах 6:1, 6:4, 6:4) ѝ ја посвети на тешко повредената студентка Соња Поњавиќ, а потоа и испрати порака од далечната Австралија што побрзо да се опорави и дека е со неа.
„Тоа беше адресирано до Соња која моментално е во болница. Ѝ испраќам поддршка, за да се опорави што е можно поскоро. Бев шокиран, како и сите други, кога го видов видеото. Едноставно не ми се верува дека вакви работи се случуваат во денешно време. Не знам што му клика во глава на човек да направи такво нешто, да прегази друг маж, млада жена, студент. Не знам што да додадам, освен – како и секогаш – да повикам на мир и разбирање. Јас сум против насилство од секаков вид, а се чини дека се зголемува на улиците“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Ј. Ѓ.