Организацијата ЦРТА објави снимка со дрон од Белград за време на протестот што се одржува денеска на кој повикаа студентите.
На социјалната мрежа Х е објавена снимка од дрон на дел од главниот град.
Во тек е голем протест на кој повикаа студентите во блокадата и на кој присуствуваат голем број луѓе од Белград и Србија.
Сите патишта водат до српското Собрание во Белград. Река од луѓе од сите страни се слеваше низ улиците на српскиот главен град. Српските медиуми јавуваат дека се работи за посетеност од стотина илјади граѓани. Велат дека ова е најголемиот собир на граѓани што некогаш се одржал во Србија.