ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Екипажот на „SpaceX Dragon“ влезе во Меѓународната вселенска станица

March 17, 2025 10:49
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Четирите членови на SpaceX Crew-10 и седумте членови на екипажот Expedition 72 кратко време откако вселенското летало SpaceX Dragon се приклучи на Меѓународната вселенска станица. Фото: НАСА

Четирите членови на SpaceX Crew-10 и седумте членови на екипажот Expedition 72 кратко време откако вселенското летало SpaceX Dragon се приклучи на Меѓународната вселенска станица. Фото: НАСА

Астронаутите на НАСА Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на JAXA (Јапонска агенција за воздушно истражување) Такуја Ониши и космонаутот на Роскосмос Кирил Песков во неделата влегоа во Меѓународната вселенска станица набргу по отворањето на отворите помеѓу вселенската станица и вселенското летало SpaceX Dragon, објави НАСА.

Меклејн, Ајерс, Ониши и Песков беа пречекани од екипажот на Експедицијата 72, вклучувајќи ги астронаутите на НАСА Ник Хејг, Дон Петит, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, како и космонаутите на Роскосмос Александар Горбунов, Алексеј Овчинин и Иван Вагнер.

Астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс од НАСА ќе можат да се вратат дома по девет месечната мисија која требаше да трае само една недела по лансирањето на првиот астронаутски лет на Боинг кој се соочи со проблеми, што ја натера НАСА да го врати Starliner празен.

Четворицата нови астронаути кои ги претставуваат САД, Јапонија и Русија ќе ги поминат следните неколку дена учејќи за станицата од Вилмор и Вилијамс. Четворицата – астронаутите на НАСА Ен Меклејн и Никол Ајерс, јапонскиот астронаут Такуја Ониши и рускиот космонаут Кирил Песков – треба да останат на станицата околу шест месеци.

Подоцна оваа недела, Вилмор и Вилијамс ќе влезат во капсулата на SpaceX која е таму од минатата година за да ја затворат мисијата што започна минатиот јуни.

Вилмор и Вилијамс треба да ја напуштат станицата во среда, заедно со астронаутот на НАСА, Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, и да се приземјат во близина на брегот на Флорида.

Ј. Ѓ.

Next Post

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, хоспитализираните во Кочани и Штип пренесени во Скопје

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk