ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски: Досега на лекување во странство испратени 51 пациент од повредените во пожарот во Кочани, ќе заминат уште дваесетина пациенти

March 17, 2025 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се испратени на лекување во странство, преку кризниот штаб кој во изминатите 24 часа го кординираше процесот. Дополнително уште дваесетина ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и во Унгарија.

Тој посочи дека во тој контекст во текот на вчерачниот ден лично остварил телефонска комуникација со министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Холандија, Косово, Малта, Унгарија, Израел, Албанија, БиХ и Словенија како и со Ричард Гренел во име на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп. Дополнително, претседателот на Владата Христијан Мицкоски телефонски разговорал со регионални и светски државници вклучително и со генералниот секетар на НАТО Марк Руте, со претседателите на владите на Хрватска, Бугарија, Белгија, Србија…

– Во сите тие разговори беше изразено длабоко сочувство од страна на нашите пријатели и беше понудена помош во форма на материјално – технички средства, човечки капацитети и медицинска нега за пациентите за кои стручните медицински лица дали и за кого е потребно лекувањето да продолжи во странство. По интензивна комуникација со моите колеги за полаку од 12 часа од несреќата првите пациенти беа на пат кон државите каде што веќе е започнато нивното лекување. Во овој момент вкупно 51 македонски граѓанин е испратен на лекување во следните земји: девет пациенти во Турција, 14 во Бугарија, четворица во Грција, 17 во Србија, четвоприца во Литванија транспортирани со авион обезбеден од Романија, и за сега два пациенти во Унгарија, рече Муцунски.

Тој најави дека денеска ќе бидат испратени и шест пациенти во Австрија, четири во Словенија, четири Хрватска, и уште четири пацинети и во Норвешка и во Унгарија. За давање медицинска помош во земјата веќе се пристигнати медицински тим од Чешка, а во секој момент се очекува пристигнување на медицински тим од Израел и од Белград.

Во секоја земја каде се испратени пациентите, додаде Муцунски, во МНРНТ има определено контакт лице кое е достапно 24 часа за родителите и пациентите за каква било помош или поддршка, а контакт листата е јавно објавена на веб страницата на Министерството.

Тој најави дека ќе предложи од страна на СОЗР да бидат покриени трошоците за пат и престој во странство за членови на семејствата на македонските пациенти што се лекуваат во странство.

Министерот Муцунски посочи дека од наша страна бил активиран и механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што претствува систем за координација на помошта помеѓу сите земји членки на Унијата и други земји од каде се очекува дополнителна помош во наредните денови.

-Упатувам длабока и искрена благодарност до сите земји кои веднаш одговрија на апелите за помош. Солидарноста во исклучително тешки времиња е потврда за сојузноштвото и пријателството што нашата држава го има со голем број земји во светот, рече Муцунски потсетувајќи дека денеска со одлука на Владата е прогласен дел на жалост, знамињата во ДКП се на половина копје, а отворени се и книги на жалост.

Подвлекувајќи ја посветеноста и пожртвувановска на медицинскиот персонал во државата, тој изрази благодарност и за големиот број пораки на сочувство и понудена помош од голем број држави и државници од светот.

-Во оваа прилика сакам да изразам голема благодарност до сите нив за изразите на сочувство и за дадената несебична помош во организацијата на здравствениот транспорт и лекувањето на дел од повредените македонски граѓани, подвлече министерот Муцунски.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 повредени се згрижени во земјава и странство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КочанилекувањеМуцунскипожар

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk