Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА
Не мачкајте очи со една оставка, и не ржете, покажете доблест, кажете криви сме, и бидете свесни дека од оваа трагедија назад нема.
Ќе ви удриме таков мониторинг на секоја една постапка. И секој граѓанин од денес да биде свесен дека мора силно да се спротистави на секоја најмала коруптивна ситуација, од упис во градинка, до посета на лекар, до секој апла рушвет за намигнување и завршуење работа.
Ако ви кажат дека треба да сте од партија за да ве вработат, или слично, на сите медиуми да ги кажете, фаците да им ги испринтате и да ги лепиме по тоа ефтиниот стиропор низ мртвата метропола.
Жртвите нема долго да ги доброиме од таа ланчана реакција после оваа масовна загуба. Господ да ни е на помош на сите, дојде време да се делиме на добри и зли, и можеби има шанса да се оправиме.
Колективната солидарност во оваа болка е најсилно оружје против убиствената корупција, и да не чекаме нова муниција од нова трагедија. Денес, сега, веднаш будност за радикални системски промени!!!
Фејсбук објава на Авторката