ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тошковски: Сопственикот на дискотеката имал фалсификувана лиценца, во критична состојба 45 лица во трагедијата во Кочани

March 17, 2025 11:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА

Во критична состојба 45 лица, бројот на починати  во трагедијата во Кочани е 59, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој рече дека правното лице нема лиценца на работа и дека сопственикот на дискотеката при контрола приложувал фалсификувана лиценца.

Министерот истакна дека се констатирани низа неправилности во дискотеката. Немала соодветна лиценца а работела како лесна индустрија. Немало излезни врати за евакуација, во објектот немало хидрантска мрежа и ималo само два ПП апарати. Тошковски вели дека концертот бил одржан на „диво“ – немало договор помеѓу бендот и организаторот.

Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и  СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа.

Како што истакна министерот, над 22 – 23 лица се осомничени за целиот настан.

Тој нагласи дека МВР не било известено за настанот и во такви ситуации МВР немале обврска да вршат обезбедување на таков настан и објект.

Истакна дека немало пријава до МВР за користење на пиротехнички стредства кои се причина за пожарот, а истите ги донел бендот ДНК.

„Нема да застанеме со процесни дејствија. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на ниво што може да кажеме имаме катастрофална состојба на постапување на иннституциите во вакви случаи. Ќе има многу приведени од различни институции вклучуваќи и од МВР. Ќе бидат спроведени темелни контроли. Корупцијата и криминалот нè доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смени нешто, или оваа држава ќе ја снема“, рече Тошковски.

Ј. Ѓ.

Next Post

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk