ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски од Солун ѝ се заблагодари на Грција за помошта и посочи дека солидарноста не треба да се заборави

March 18, 2025 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Солун по посетата на повредените од пожарот во Кочани, хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Грција.

Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на двете солунски болници, каде што се хоспитализирани петмина повредени, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу.

По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.

– Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“, рече Муцунски.

Додаде дека некои од родителите барале во нивно име да изрази благодарност до докторите и до медицинскиот персонал за грижата што ја добиваат нивните деца, а паралелно упати благодарност и до Грција и грчкиот народ во името на нашата земја и народот.

– Заедно со мојот колега, министерот за здравство дојдовме денеска овде за да ја изразиме нашата благодарност, да се молиме дека никогаш нема да треба да возвратиме на ваков тип на длабока солидарност. Благодарност до грчките граѓани, до грчката Влада за нивната отвореност, истакна министерот.

За трагичното утро, рече дека еден од првите разговори што ги имал бил со неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис, додавајќи дека од Грција не само сочувство и зборови, постоеше и практична помош.

– Првите пациенти кои ја напуштија нашата земја беа оние кои дојдоа тука во Солун. Градот кој е блиску до нас од многу причини и кој се надевам дека нема повторно да биде блиску до нас од овие причини, рече министерот.

Потсети дека освен во Солун и во Атина се хоспитализирани повредени лица, кои синоќа беа пренесени со авион на грчкото воено воздухопловство, а паралелно се осврна и на помошта и од други земји.

Муцунски и Таравари од болницата Папаниколау каде што се хоспитализирани три лица, заминаа за воената болница во Солун, каде се лекуваат други двајца повредени, сите со тешки изгореници.

Tags: ГрцијаМуцунскипомошта
Next Post

Влада: Бројот на загинати во пожарот во Кочани е 59, сите други тврдења за загинати се неточни

НАЈНОВО

Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Австралија воведува програма за бесплатна соларна енергија за домаќинствата, дури и без соларни панели

November 4, 2025

Пробив во базата на податоци на Универзитетот на Пенсилванија: Хакери испратиле навредливи пораки до студенти и донатори

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk