Најмалку 330 луѓе се убиени во израелските воздушни напади врз Газа во текот на ноќта, според Министерството за здравство на Хамас, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Израелската војска соопшти дека извршува „обемни“ напади откако разговорите за продолжување на примирјето не постигнаа договор
Тоа е најголемиот бран воздушни напади од 19 јануари, кога стапи на сила прекинот на огнот, јавува дописникот на Би-Би-Си од Газа од Каиро.
„Тие повторно го испуштија пеколниот оган врз Газа“, вели очевидец во градот Газа
Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел „отсега натаму ќе дејствува против Хамас со зголемена воена сила“, обвинувајќи го Хамас за „повторено одбивање да ги ослободи нашите заложници“ и дека ги отфрла предлозите за продолжување на примирјето.
Хамас го обвинува Израел за напад на „небранливи цивили“ и вели дека посредниците треба да го сметаат Израел за „целосно одговорен“ за „прекршување и поништување“ на примирјето.
Д. Мишев / Цивил Медиа