ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо

March 19, 2025 15:44
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо, велат денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во соопштение по информациите дека синоќа во полиција биле повикани на разговор новинарски екипи поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје.

АЦВ во соопштението потенцира дека лицата кои оперирале со дронови при вчерашните настани морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Истите, потенцира АЦВ, никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе.

Агенцијата нагласува и дека креирањето на забранета зона за летање со воздухоплови без екипаж, се објавува во истиот момент кога е креирана на мапата за резервиран воздушен простор, достапна 24/7 на веб страницата www.drone.gov.mk  и на www.caa.gov.mk.  Секој оператор на дрон и секој далечински пилот., објаснува регулаторот за воздухопловство, пред да почне со реализација на планиран лет, должен е да го најави летот на оваа мапа и при подготовката на летот да се запознае со состојбата во воздушниот простор кој сака да го користи, како заради негова безбедност, така и заради безбедноста на другите оператори и уште поважно, безбедноста на трети лица на земја.

Во соопштението АЦВ потсетува дека „Правилникот за воздухоплови без екипаж” со кој во целост се имплементираат европските регулативи „Regulations (EU) 2019/945 and 2019/947”, е стапен во сила на 1 јуни 2024 година  (Сл.Весник 115 од 31 мај 2024г.) со одложена примена од 1 јануари 2025 година.

Наведува дека во текот на 2024 година се преземени низа активности за информирање на јавноста, посебно на корисниците на воздухоплови без екипаж, вклучувајќи ги и медиумите, за стапување  во сила на новата регулатива при што како завршен настан на промотивната кампања на 14 декември лани во Дом на АРМ беше организирана работилница каде сите заинтересирани можеле да ги добијат потребните податоци, директно од вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство кои работат на оваа проблематика. Дополнително, велат од АЦВ, сите информации во врска со начинот и правилата за оперирање со воздухоплови без екипаж во македонски воздушен простор 24/7 се лесно достапни на веб страницата на Агенцијата (www.caa.gov.mk) и/или (www.drone.gov.mk)

– Оттаму прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо, нагласува АЦВ.

Во соопштението стои дека забраната за директно налетување на луѓе е стара веќе 10 години и е предвидена уште со „Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонски воздушен простор” донесена од Владата на Република Македонија во 2015г. и 2017г.  Таа одредба е предвидена и со новиот правилник со кој се имплементира Европската регулатива која што во член 4 предвидува дека: „Далечинскиот пилот воздухопловот ќе го управува на безбедно растојание од луѓе и дека нема да лета директно над луѓе – собири на луѓе”

– Во конкретниот случај со оглед дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ја применува истата регулатива како и останатите европски држави, со ограничувањата кои се пропишани требало да се запознаени како македонските, така и странските оператори на воздухоплови без екипаж. При вчерашните настани лицата кои управувале со дронови, морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Истите никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе. Лицата кои управувале со дронови морале да поседуваат сертификат за оспособеност за далечински пилот (А1/А3 или А2) издаден од АЦВ, наведува АЦВ.

Појаснува дека операторите на дронови единствено би имале право да летаат во близина на луѓе (без директно надлетување на луѓе) доколку поседуваат  оперативно одобрение за оператор на дронови, во посебна категорија, издадено од АЦВ. Оперативното одобрение се издава во управна постапка, која што вклучува детална проверка на операторот и системот за управување со безбедноста на летот опишан во Оперативниот прирачник на операторот кој се доставува на одобрување до АЦВ. При тоа далечинските пилоти мора да поседуваат сертификат за оспособеност во категорија на операции А2.

Во врска со поставувањето на забранети/ограничени зони правниот основ од член 7 од Правилникот за воздухоплови без екипаж, односно член 15 од Европската регулатива, укажува Агенцијата, не ја ограничува големината или времетраењето на географските зони кои можат да бидат забранети за летање со воздухоплови без екипаж. Единственото ограничување кое е пропишано со Чикашката конвенција за цивилно воздухопловство е дека забранетите зони за летање не можат да се протегаат над меѓународни води, односно во меѓународниот воздушен простор.

– Креирањето на забранета зона за летање со воздухоплови без екипаж, се објавува во истиот момент кога е креирана на мапата за резервиран воздушен простор, достапна 24/7 на веб страницата www.drone.gov.mk  и на www.caa.gov.mk.  Секој оператор на дрон и секој далечински пилот пред да почне со реализација на планиран лет, должен е да го најави летот на оваа мапа и при подготовката на летот да се запознае со состојбата во воздушниот простор кој сака да го користи, како заради негова безбедност, така и заради безбедноста на другите оператори и уште поважно, безбедноста на трети лица на земја.  Покрај инспекторите од Агенцијата за цивилно воздухопловство, надзор врз операциите со воздухоплови без екипаж можат да вршат и полициски службеници согласно член 144 став 3 од Законот за воздухопловство. Уште еднаш напоменуваме дека, неовластено, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја, стои во соопштението.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс  синоќа биле повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје, по повод трагедијата во Кочани и по разговорот се пуштени.

МВР претходно соопшти дека АЦВ вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип.

Министерството за внатрешни работи ја пренесе објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“ и укажувањето дека „оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“.

– Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, тие да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата, наведе МВР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АЦВдронснимање

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk