ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчките медиуми континуирано информираат за трагедијата во Кочани

March 19, 2025 13:17
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот масовен протест во Скопје, трагедијата што ја живее Кочани, но и помошта од Грција, се во фокусот на грчките медиуми, кои со ненамален интензитет од првиот момент известуваат за пожарот што одзеде 59 животи, а паралелно, неретки се и позитивните коментарите за брзата реакција на властите, со оглед на тоа што пред две години Грција доживеа слична трагедија со 57 загинати, пред сè млади лица при судир на два воза кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.

„Корупцијата убива: Илјадници демонстранти бараат правда во Скопје“; „Жалост во Северна Македонија – Кочани во тага непосредно пред погребите на 59-те загинати“; „Северна Македонија: „Кој ќе биде следен?“ слоганот на тивкиот протестен собир“; „Северна Македонија: Жалост и гнев за 59-те жртви во трагедијата, утре ќе бидат погребани – протести со илјадници луѓе низ земјата“; се само дел насловите во денешните изданија на онлајн медиумите.

Речиси сите грчки телевизии уште од неделата испратија новинари во Кочани, кои секојдневно известуваат за трагедијата што го погоди градот, ги пренесуваат сведоштвата на преживеаните, но и тагата на семејствата на загинатите.

Дополнително, коментираат дека утре ќе биде тежок ден за градот, поради погребите на загинатите.

Во текстовите и прилозите за трагедијата, ја споменуваат и помошта од Грција, транспортот на повредените во Солун и Атина, но и вчерашната посета на министрите Муцунски и Таравари на двете солунски болници и пораките на благодарност што до Грција ги упати шефот на дипломатијата.

Νа 28 февруари 2023 година кај месноста Темпи во Грција се случи директен судир на патнички и товарен воз и животот го загубија 57 лица, од кои мнозинството беа студенти, а несреќата две години подоцна сè уште е актуелна тема во земјата со оглед на тоа што судскиот процес не е започнат, додека граѓаните преку масовни протести побараа правда.

Во Грција, во изминатите денови одредени медиуми прават споредба на двете несреќи, на сличностите во однос на младите животи кои згаснаа, но и барањата за правда.

Во вчерашното централно издание на вестите на телевизијата Алфа, новинарката Лора Јоану анализирајќи за тоа што е направено кај нас од аспект на истрагата веднаш по несреќата, коментираше дека „Северна Македонија ја живее својата Темпи“, но и дека соседната земја ѝ одржа лекција на Грција.

-За помалку од четири дена: пет обвинители се вклучени во процесот за да го истражат случајот, уапсени се 20 лица, меѓу кои државни функционери, вработени во Министерство, но и поранешниот министер за економија кој се сослушува бидејќи беше фалсификувана лиценцата за работа издадена од Министерството. Говориме за реакција и рефлекси на земја која е кандидат за членство во Европската Унија, мала држава, земја во која има корупција, но гледаме како се справија. Да го кажам поинаку: Соседната земја ни одржа лекција. Неизбежно постојат некои споредби кои не можеме да не ги споменеме, анализираше новинарката од Алфа.

Како што вчера објави МИА, Министерството за цивилна заштита на Грција, соопшти дека освен редовните, во вториот квартал од 2025 година ќе се спроведат и вонредни инспекции за почитување на мерките и средствата за противпожарна заштита во простори каде што има собири на луѓе, пред сè во ноќни клубови.

Иако официјално не се поврза со трагедијата кај нас, сепак коментарите во земјата се дека, поводот за овие вонредни контроли е токму пожарот во Кочани.

Она што во неделата се случи во „Пулс“, малку недостигаше да се случи во кафуле во Атина на крајот на ноември, откако беше предизвикан од свеќи и пиротехника на роденденска торта, кои ги запалија новогодишните украси во внатрешноста на кафулето, како и елката поставена на таванот.

Шест лица беа полесно повредени во пожарот што синоќа избувна во кафуле во центарот на Атина, а беше предизвикан од свеќи на роденденска торта, кои ги запалија новогодишните украси, јави допи

Пожарот што веднаш беше изгасен предизвикана паника меѓу лицата кои биле во кафулето, а во обид да го напуштат просторот биле скршени неколку прозорци, додека шест лица се здобија со полесни повреди и беа пренесени во болница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Грчки медиумиКочанипожар

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо мобилизација – брендирање. Наместо отпор – административна послушност.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk