ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Митева: Досега 119 најблиски на повредените што се лекуваат во странство заминале со обезбедениот транспорт и сместување

March 19, 2025 15:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Досега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани се транспортирани и сместени во странство, во градовите каде што се хоспитализирани нивните најблиски.

Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека овој број на членови од семејствата се менува и ќе се зголеми со оглед дека има нови транспорти на повредени за лекување во други земји.

-До пред еден час ја имам последната информација дека 119 лица се безбедно транспортирани и сместени од семејствата на хоспитализираните во странство.  Се уште се праќаат пациенти и верувам дека има промена и на овој број и дека е зголемен. Со сите ќе стапиме во контакт, на сите ќе им биде обезбедено и транспорт, и сместување, кое ќе биде логистички најповолно за нив, во близина на самите болници каде што се сместени повредените. Се правиме што е во наша моќ да обезбедиме и барем малку да им ја олесниме состојбата на семејствата, онолку колку што можеме, рече Митева на прес-конференција.

Посочи дека е соопштен и контакт број на којшто сите семејства може да се обратат и да го добијат транспортот и сместувањето што го обезбедува Владата.

Одлуката што Владата ја најави беше официјализирана вчера на седница при што  Министерството за финансии е задолжено да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.

Вчера попладне, кога ја соопшти одлуката на Владата, Митева рече дека одлуката ќе се однесува и на оние лица кои заминале и пред нејзиното донесување односно може ретроактивно да добијат дополнителна исплата на средства.

Во врска со иницијативите на луѓе кои нудат помош за сместување во странство, портпаролката денеска одговори дека тоа е природно и е за поздравување.

– Како влада никогаш нема да работиме на спречување на солидарноста и помошта што доаѓа, тоа е природно и е за поздравување, рече Митева на прес-конференцијата.

Next Post

Со мирен марш струшките средношколци им оддадоа почит на жртвите во Кочани

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk