ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тошковски: Седумте полициски службеници констатирале дека кабарето во Кочани ги исполнува законските услови, за нив доставен предлог за притвор

March 19, 2025 16:06
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Осомничените, според него, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Освен овие седуммина, пред судија на претходна постапка ќе биде изведено уште едно лице поврзано со кривично правен настан, кое притоа и во овој момент е едно од раководните лица во Министерството за економија.

– Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, рече Тошковски.

Како службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, додаде, како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

– Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди, рече Тошковски.

Тој потенцира дека првиот, како главен инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полиција при СВР Штип, и вториот како самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

Третиот, како началник на Одделението за полиција во СВР Штип и четвртиот како началник на СВР Штип, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во која е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови и со тоа што не извршиле целосна проверка пред да ја издадат и одобрат позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, сториле незаконитост.

– Петтиот, како документарист во ПСО на Кочани, изработил телеграма во која не навел точни и целосни податоци, дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, додека шестиот, во својство на заменик командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и близина на кабарето, така изготвената телеграма ја одобриле и потпишале, со што како службени лица, не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето, појасни Тошковски.

Ценејќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка, нагласи, доставил предлог за определување мерка притвор за сите седум лица.

Лицата, нагласи Тошковски, се обезбедени од страна на МВР и се носат во рамки на надлежниот суд, пред надлежен судија, во рамки на претходна постапка.

– Овие се лицата кои потпишале, овозможиле и предизвикале, односно имаме основи на сомнение дека со изготвување незаконски документи допринеле да се случи ужасната трагедија од пред некој ден. Имаат конкретни дејствија врз основа на кои во овој момент надлежниот јавен обвинител по претходно изработена и доставена кривична пријава од страна на МВР делот за внатрешна контрола надлежното јавно обвинителство ОЈО ГОБ ценело дека треба да се процесуираат на ваков начин, истакна Тошковски.

Според информациите со кои располага рече дека дејствијата се превземат за издавање лиценца од 2023.

– Ова е истото она лице кое во тек на вчерашниот ден напоменав дека се вршат претреси во рамки на службени простории, кое тоа ги користи во Министерството за економија и кое е директно поврзано со сомнежи кои ги имаме, а се во насока на изготвување незаконски документи од страна на Министерството за економија поврзани со предметниот кривично правен настан, појасни министерот за внатрешни работи.

На новинарско прашање за приведен сопственик на кабаре во Куманово каде биле пронајдени пиротехнички средства кажа дека се постапува од здружени тимови на Државниот пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување и МВР за  утврдување фактичка состојба со сите постоечки кабареа дискотеки и останати објекти во Македонија.

– За ова сметам дека ќе биде дадена детална информација од страна на надлежните органи кои преземаат дејствија врз основа на свои овластувања или во текот на денот или во текот на наредниот период. Првичните информации кои стигаат до мене се дека констаирани се огромен број неправилности и дека не е единсветената фалсификувана лиценца издадена изминатиот период, има најмалку уште една за Скопје.

За поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, истакна дека по целосно комплетирање на доказите ќе биде поднесена кривична пријава од страна на МВР.

-Истражната постапка формално по поднесена кривична пријава од страна на МВР не е отпочната. Заради тоа имаме 48 часовен притовр кој ќе овозможи целосно комплетирање на доказите што ќе биде поднесена кривична пријава од страна на МВР и јавноста ќе биде запознаена за кое конкретно кривично дело се гони, ако биде поднесена. Согласно она што можев да го увидам од досега собраните докази сметам дека ќе биде истото кривично дело како и сите останати. Но тоа е надлежност на органите во рамки на МВР и јавното обвинителство. Од досега собраните докази ценам дека треба да е истото кривично дело, рече Тошковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Манев и при испитувањето од страна на Палчо потврди: Палевски ја уби Вања, бев на 10-15 метри од него кога пукаше

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk