ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Калас: За да го одвратиме агресорот, мора да ја зајакнеме одбраната

March 20, 2025 11:44
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако инвестираме доволно во одбраната и ако ги зајакнеме одбранбените капацитети, со тоа ќе го одвратиме агресорот од напади, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика пред почетокот на денешниот Самит на Европската Унија во Брисел.

– Ако не го правиме тоа, слабоста го повикува агресорот да не нападне. Затоа мора да направиме повеќе за да не дозволиме да се случи тоа, додаде Калас.

Таа нагласи дека ја поздравува најавата на американскиот претседателот Трамп дека САД се обидуваат да обезбедат дополнителна противвоздушна одбрана за Украина, додавајќи дека тоа е исклучително важно, па затоа на денешниот Самит ќе се разговара за тоа што ЕУ може повеќе да направи за поддршка на Киев, но и за сопствената одбрана.

– Ако ги слушате изјавите на лидерите, тогаш поддршката е голема и тоа треба да се види и со дела, со бројки, со реална муниција што и е потребна на Украина. Затоа, навистина се надевам дека тоа ќе го придвижиме напред, рече Калас, додавајќи ако лидерите на ЕУ имаат резерви кон преземањето долгорочни обврски, тогаш треба да донесат одлуки на краток рок за непосредните потреби на Украина.

Таа потсети дека предложи инцијатива за воена поддршка на Украина, која, како што рече, во голема мерка е во согласност со барањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за муниција во вредност од пет милијарди евра.

– Треба да почнеме со конкретни чекори, не само зборови, туку и навистина да и помагаме на Украина, бидејќи колку што таа е посилна на бојното поле, толку ќе биде посилна на преговарачката маса, рече Калас, додавајќи дека со нетрпение очекувам од Зеленски да ги чуе неговите впечатоци од вчерашниот разговор со Трамп.

Високата претставничка на ЕУ додаде и дека на Самитот ќе се разговара и за конкурентноста и потребата од зголемени инвестиции во одбраната, како и за Белата книга за одбраната на Европа, што вчера ја презентираше Европската комисија.

– Ќе разговараме за елементите во неа. На Самитот пред две недели разговараме за опциите за финансирање, а сега ќе дискутираме за тоа како можеме да го направиме тоа заедно, истакна Калас.

Tags: Калас
Next Post
Фото: БТА/Амбасада на РСМ во Софија

Едноминутен молк во Софија во чест на настраданите во Кочани

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk