ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани

March 21, 2025 18:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не можам да се сложам дека актуелни вработени во рамки на Министерството за внатрешни работи на одредени позиции или во рамки на други институции кои биле директно инволвирани не се дел од осомничените или не се дел од истрагата, посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали актуелни носители на функции се осомничени во истрагата за пожарот во Кочани во којшто загинаа 59 лица.

За сѐ што е предмет на истрага, додаде Тошковски, надлежен е јавниот обвинител.

– Во однос на сите оние дејствија што се предмет на истрагата и се предмет на понатамошниот тек на истрага, согласно она што ќе биде преземено во рамки на истата истрага, во моментот кога ќе можеме да го споделиме со јавноста, ќе го споделиме. Сите останати детали, јавниот обвинител е оној кој е „dominus litis“ во рамки на постапката. Истиот во текот на денешниот ден имаше детално информирање на јавноста, рече Тошковски.

Прашан дали актуелниот директор на Државната пазарна инспекција Влатко Сајкоски правел инспекторски надзори, со оглед на тоа што денеска јавниот обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција посочи дека осомничен е поранешен директор на ДПИ поради непостапување, Тошковски рече дека МВР соодветно ќе постапи во моментот кога ќе бидат утврдени сите потребни факти.

– Во оној момент кога ќе ги утврдиме сите потребни факти со предметниот кривично-правен настан, соодветно и ќе постапиме во однос на сите оние кои  имаат било каква директна или индиректна поврзаност. Истрагата е отворена и практично формално е отпочната вчера со поднесување на кривична пријава од страна на МВР. Во текот на претходниот ден, исто така имавме поднесено кривична пријава против дел од осомничените во рамки на посебна постапка, под надлежност на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, затоа што предметните лица беа полициски службеници и во однос на тие истрагата започна пред два дена, во однос на сите останати истрага започна вчера. Ова е само почеток за она што следи, рече Тошковски.

Tags: КочаниТошковски
Next Post

Загинаа шест деца во израелски воздушен напад врз зграда во Газа

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk