За денеска се најавени три јавни собири за трагедијата во Кочани. Првиот собир ќе биде во Тетово, со почеток од 12: 30 часот на плоштадот „Илирија“, во организација на иницијативата „Нула“.
Од Иницијативата Нула велат дека овој протест се одржува против корупцијата која убива.
„Се собираме затоа што имаме граѓанска обврска! Имаме обврска: кон 14-те жртви на Модуларната болница во Тетово, 45-те жртви на Беса транс, 16-те жртви на Дурмо Турси, пред 59-те млади загинати во Кочани“, информираат од иницијативата.
Во Скопје, Независното студентско собрание во 13:00 часот на УКИМ во Скопје,организира мирен собир да испратат јасна порака дека младите не се подготвени да молчат пред неправдите што ја тресат земјата.
На плоштадот Македонија вечерва во 18:59 вечерва во Скопје, ќе се одржи собир во организација на иницијативата „Кој е следен?“.
Д. Т. / Цивил Медиа