На плоштадот Македонија во Скопје започна маршот за одговорност и безбедност на кој повика Иницијативата „Кој е следен?“.
Голем број граѓани го искажуваат својот револт и бараат одговорност за трагедијата во Кочани.
Под паролата Системот е следен! Граѓаните бараат правда и одговорност.
Иницијативата „Кој е следен?“, претходно ја објави рутата, временскиот распоред и правилникот за однесување на денешниот марш.
Оттаму истакаа дека „Koj е следен?” е изрично против секаков вид на насилство и провокации и се оградува од било каков повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.
View this post on Instagram
Од плоштад Македонија маршот се упатува кон Собранието преку Триумфалната капија кон Жена-парк спроти Собранието и Градската болница, каде ќе има 5-минутен аплауз за здравствените работници.
View this post on Instagram
Маршот е планирано да се упати кон Владата, каде ќе има шестнаесетминутен молк, а потоа ќе следат говори од членовите од Иницијативата „Кој е следен?“.
View this post on Instagram
Фото и видео: Фронтлајн