ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фијаско на провладините медиуми: Фатени во лага, во паника бришат постови и спинуваат

March 25, 2025 14:48
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Неформална“ група провладини медиуми вчера побрзаа да објават дека на протестот на иницијативата “Кој е следен” за 59-те жртви од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ имало далеку помала масовност од најавуваната (+инфо); само неколку стотини луѓе се појавија (Лидер); народот ги свати (со В наместо сфати, можеби од брзање, а не поради недоволна писменост н.з.) обидите за злоупотреба на трагедијата, околу 300 луѓе на вечерашниот протест на плоштад (Курир); само стотици граѓани излегоа на марш, препознаени политичките игри за злоупотреба на несреќата (Република).

Во веќе познатите манири на владините медиуми, објавите беа проследени со фотографии направени пред почетокот на маршот, кога сеуште граѓаните се собираа на плоштад, за да се долови „лагата“ дека имало само стотина, со етикетирање и дисквалификација на учесниците (осудениот за палењето на канцеларијата на претседателот Иванов, Борјан Ефтимов), произволните пребројувања (Според независни извори!?, на протестот во понеделникот вечер учествувале околу 3.000 граѓани, додека опозициските медиуми се пофалија дека биле над 10.000), користејќи паралели со веќе демантирани видеа, и со други собири кои не се во корелација со маршот во организација на „Кој е следен?“

Ден потоа, откако беа демантирани од видеата споделувани на независни медиуми и социјалните мрежи на кои се гледа учество на илјадници граѓанки и граѓани. Слеани во река од народ како се движат по маршутата од плоштад кон Влада, дел од нив пробаа да ги сокријат објавените дезинформации, бришејќи го објавите, но трагот остана.

Дел од нив пробаа, како што самите признаваат, по бројните критики дека ја промашиле бројката на демонстранти на вечерашниот протест во Скопје, патетично, во 1:54 по полноќ,  да се оправдаат со младиот пленумец со мегафон кој кажа дека студентите не сакаат новинари, а тие му удоволиле и не испратиле новинарска екипа на протестниот марш, па така бројката на демонстранти морале да ја одредат произволно и така некако им личело дека има неколку стотини???

Момчето со мегафонот беше на пленумот организиран на платото во УКИМ во 13 часот на пладне, додека протестниот марш беше на Плоштадот Македонија, во центарот на Скопје со почеток во 18:59 часот. Различно време, различна локација, различни организатори!

Ова се некои нови генерации, и ваквите наивни лаги тешко проаѓаат.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформациипровладини медиумиПротестен марштрагедија во Кочани
Next Post

Европските држави со нови препораки за граѓаните кои патуваат во САД

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk