Во објава на Фејсбук, Миленко Неделковски упати сериозни навреди и дисквалификации кон повеќе учесници на протестите што се одржуваат низ државата.
Со шокантната објава во последната реченица тој посакува смрт на најблиските на оние што протестираа.
„Да даде Господ на смртта на најмилите на денешниве што протестираа, некои други да злоупотребат и да протестираат. За да видат како е“, напиша Неделковски на крајот од постот, кој веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Објавата, која е полна со лични навреди кон организаторите и поддржувачите на протестите, вклучува и тврдења за нивни наводни политички и криминални врски.
Меѓу другото, тој ги нарекува „криминалци“, „платеници“, и „вработени во Сорос“, а протестот го нарекува обид за „профитирање на сметка на трагедија“.
Јавноста, особено на социјалните мрежи, остро реагираше на содржината на постот.