ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Ожалостените“ пратеници на распуст, рајата нека р’мба

March 25, 2025 12:10
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

На вчерашната координација која се одржа во салата на Владата во Собранието, во присуство на великодостојниците, претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Бендевска, топтан сите координатори од ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Владата, консензуално беше донесена одлука Собранието (повторно) да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и пратеничките прашања и брифингот со новинари.

Значи, Болјарите од Собранието си дадоа распуст, втора недела по ред, вадејќи се на трагедијата во Кочани, и замислете, притоа ги земале предвид чувствата на сите граѓани, изразувајќи почит кон сите загинати“… А сите граѓани, односно обичната раја, чии чувства собраниските Болјари ги земале предвид, ќе си р’мба и во денови на жалост, и по деновите на жалост, ќе тагува, ќе голта солзи, и ќе р’мба. Раја.

А јас па наивен, помислив дека седницата ја закажале за да се договорат, по примерот на некои бугарски пратеници, да издвојат дел од скромната им платичка како донација за настраданите во пожарот во кочанската “дискотека“.

Не, чекајте, да не избрзуваме со заклучоци. Со неработењето, всушност, тие се откажуваат од патните трошоци кои би ги земале доколку во период од две недели патуваат со своите болиди на работа, и ги отстапуваат овие средства на Буџетот на РСМ, да помогнат во справувањето со последиците од трагедијата.

Веома врло хумано, солидарноста на дело. Алтруизам и ренесанса.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post

ЈОРСМ: Претреси и други дејствија во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk