ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Додик отпатува во Израел иако има распишано потерница по него

March 26, 2025 10:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска соопшти дека пристигнал во Израел, каде ќе учествува на дводневната Конференција за антисемитизам во Ерусалим, на која ќе присуствуваат претседателот и премиерот на Израел Исак Херцог и Бенјамин Нетанјаху.

„Ја започнав мојата посета на Израел, земја чија сила, историја и решителност длабоко ги почитувам“, рече Додик во објавата на Твитер (Х). Според него, Израел покажува дека „слободата и безбедноста немаат цена и дека народот кој знае кој е не се согласува да биде ниту цел ниту следбеник“.

„Како што Израел се брани без да се извини, Република Српска го брани своето право на постоење, одлучува и го одржува заветот на своите предци. Србите и Евреите се нации кои се обидоа целосно да ги збришат и преживеаја. Затоа се разбираме. И затоа стоиме заедно“, рече Додик.

Граничната полиција на Босна и Херцеговина (ГП БиХ) претходно соопшти дека спроведува истрага за тоа како Додик вчера ја преминал државната граница, бидејќи по него во БиХ била распишана централна потерница поради сомнение дека го уривал уставниот поредок на земјата.

Додик завчера од Бања Лука отпатува за Белград, каде присуствуваше на одбележувањето на годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија, а вчера со авион на Владата на РС отпатува за Израел.

Вчера, Судот на Босна и Херцеговина  потврди дека на лидерот на  Додик му била испратена писмена копија од пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност.

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: Додикизраелпотерница
Next Post
Фото:  X

Русија со дронови го нападнала украинскиот црноморски град Миколаев

Shortcut

Најново

Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk