ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен?“

March 26, 2025 14:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен?“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред сè – неопходни, соопштуваат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека „ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна – дисциплинска, кривична, политичка – за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации“.

– Веруваме дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците, се наведува во соопштението од СДСМ.

Претходно, Иницијативата „Кој е следен?“ објави список со барања за одговорност за трагедијата во Кочани.

Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа мораат сите виновни да сносат одговорност. Не смееме да бидеме повеќе сведоци на грозоморни настани, кои немаат правна разрешница, кои немаат последици за сторителите и кои не ветуваат дека во иднина тие нема да се повторат. Несреќите почнуваат да се множат, а нивните жртви стануваат се побројни. Како граѓанско движење, „Кој е следен?” гo бара следното:

Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отворање до несреќата од следните институции:

– Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија
– Државен градежен инспекторат
– Министерство за внатрешни работи
– Државен инспекторат за урбанизам
– Локална самоуправа во Кочани
– Локален градежен инспекторат
– Дирекција за заштита и спасување
– Управа за јави приходи

Дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”;

– Соодветна одговорност за сите поврзани со изгорената модуларна болница;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот Онкологија;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Дурмо Турс;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Беса Транс;
– Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не само за дерегулација и финансиска помош од државата

Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран.

Поврзано: 

Иницијативата „Кој е следен“ објави список со барања за одговорност

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кој е следен?СДСМ

НАЈНОВО

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

June 1, 2025
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

June 1, 2025

(ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk