ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стариот објект на Прилепскиот театар доби забрана за работа

March 26, 2025 11:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот. Забраната е од инспекцијата на Дирекцијата за заштита и спасување која направи контрола на објектот на барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на раководството на театарот, а потоа и на Министерството за култура и туризам.

-Уште на 17 март побаравме од Дирекцијата да се изврши вонреден инспекциски надзор за да се констатираат состојбите во стариот објект на театарот „Војдан Чернодрински“. Наредниот ден, на 18 март, од Министерството за култура и туризам стигна барање да се проверат состојбите во објектите од културата. Дирекцијата изврши надзор во текот на вчерашниот ден, 24 март и констатира 15 неправилности во објектот. Усно не информираше дека имаме забрана за настапи во објектот. Во меѓувреме го чекаме решението на ДЗС за да постапиме, рече Михајло Миленкоски, раководител на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

По добивањето на решението од инспекцискиот надзор на ДЗС, театарот во координација со Министерството за култура и туризам ќе чека задолженија колку и дали може да се отстранат недостатоците.

Со години се бара, а и има одредени проектни постапки, за изградба на нов театар во Пирлеп, во рамки на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Tags: забрана за работаПрилепТеатар
Next Post

Вулин очекува руската безбедносна служба ФСБ да испита дали бил употребен звучен топ на протестите во Белград

НАЈНОВО

Авганистанци кои му помагале на Бундесверот конечно пристигнуваат во Германија

September 1, 2025
Урсула фон дер Лајен

Авионот на Фон дер Лајен слетал без ГПС поради наводно руско попречување на сигналот

September 1, 2025
Credit: Belga

Бриселските власти: Насилниот криминал е ограничен, странците не треба да се плашат

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk