Претседателот на САД, Доналд Трамп ја пофали Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата со амбасадорите во Белата куќа, јави турската телевизија ТРТ Хабер.
Трамп имаше средба со повеќе амбасадорите, меѓу кои и Том Барак, кој ќе биде амбасадор во Турција.
Барак изрази задоволство од работата на Трамп и му се заблагодари, а за Турција истакна дека е „една од најдревните цивилизации“.
– Тоа е добра земја, нејзиниот лидер исто така е добар, му одговори Трамп на Барак.