ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче најави дека ќе повика лидерска средба на најголемите политички партии

March 27, 2025 21:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тоа е страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок и ние треба од тоа да извлечеме поука што треба и како треба да делуваме понатаму за да спречиме такви трагедии, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Донаторската вечер со телефонски јавувања за помош на настраданите во несреќата во Кочани што ја организираше ТВ Канал 5.

Порача дека е исклучително важно да се биде до луѓето кои претрпеле големи загуби и да им се даде психолошка поддршка и добро е, рече, што Клиниката за психијатрија има амбуланти во Кочани за стручна помош на семејствата. Апелираше до нивните блиски и пријатели да бидат со семејствата што имаат настрадани, да не ги оставаат сами зашто „шокот може да биде пролонгиран и да трае“.

Според Филипче, помошта за сите нивни потреби треба да дојде, пред се, од Владата, апелирајќи директно да комуницира со засегнатите луѓе, но и големите компании, рече, треба да покажат општествена одговорност. Ја поздрави и иницијативата на ТВ Канал 5 за помош на семејствата на настраданите преку телефонски донирања и дека е добар  пример и за другите медиуми.

Лидерот на СДСМ кажа дека има многу пријатели и познајници кои во семејството имаат жртви во несреќата во Кочани. Градот по трагедијата го посетил еднаш и повторно ќе оди утре, а контактира и со повредените.

Директно не бил вклучен во нивното лекување затоа што немало повредени во сферата на неговата експертиза, но, рече, постојано е на располагање за консултации, совети и размена на искуства со колегите на Интензивна нега и на Пластична хирургија.

Филипче нагласи дека не се доволни само зборови за единство и обединување туку и системски и суштински промени чии резултати, рече, би се виделе по пет до десет години. Порача дека промените во сите сфери, како судство, здравство, образование, јавна администрација итн. се единствениот начин за борба со корупцијата затоа што, рече, „главна причина за корупцијата е сиромаштијата“.

Филипче најави дека идната недела во Собранието ќе повика средба на лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

-Не се доволни само зборовите дека ни е потребно единство, дека ни е потребно некакво обединување. Тоа треба да го претвориме во вистински дела и вистински чекори зашто тоа е нешто што најмалку може да го направиме за 60-те семејства, 59 кои останаа без деца, другите сто кои имаат стотина деца на лекување и, секако, целото општество кое гледаме сега како бара некакви промени. Младите излегуваат на улица и бараат промена, а младите се категорија граѓани кои не ги интересира ниту минатото, ниту сегашноста, туку ги интересира иднината. И ние треба добро да размислиме како политичари што треба да направиме, истакна Филипче во гостувањето на Донаторската вечер организирана од ТВ Канал 5.

Next Post

Меџити: Потребна е одговорност и превентивни мерки по трагедијата во Кочани

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk