Од клучно значење е САД да не го извадат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, рече претседателот Володимир Зеленски во интервју за вестите на Евровизија на 26 март, објави Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа.
Неговите коментари доаѓаат еден ден откако Русија и Украина се согласија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД за нападите на енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират пристапот на Русија до глобалните пазари.
„Многу е важно Америка да не му помогне на Путин сега да излезе од оваа глобална изолација“, рече Зеленски за време на посетата на Париз. „Верувам дека ова е опасно. Ова е еден од најопасните моменти“.
Путин се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“, рече Зеленски, а неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.
Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во притисокот врз Путин. Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели, рече Зеленски.
Путин, исто така, се плаши од сопствената смртност, додаде тој.
„Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово“, рече Зеленски.
Д. Мишев / Цивил Медиа