Израелската војска утринава соопшти дека пресретнала два проектила насочени кон северен Израел од правец на Либан, јави ДПА.
„Две ракети беа истрелани од Либан кон Израел. Едната од ракетите беше пресретната, додека втората падна на либанска територија“, рече Авичај Адраи, портпарол на израелската армија за арапското говорно подрачје на X.
Сирени за предупредување се слушнале во областите на северен Израел кои се блиску до либанските граници, соопштија либански безбедносни извори.
Изворите наведуваат дека две силни експлозии се слушнале низ јужен Либан. Истите извори за ДПА наведоа дека израелската армија возвратила со гранатирање на неколку села во јужен Либан.
Израелските гранати паднаа врз Какајет ал Џиср, Хијам и Кфар Кела. Се слушнале и израелски беспилотни летала како летаат над селата во неколку области на јужен Либан и главниот град Бејрут.
Во Либан е во сила прекин на огнот меѓу Израел и милицијата Хезболах поддржана од Иран од ноември.