ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Македонците се како наопаку обуени чорапи

March 29, 2025 10:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ 

Рецепт за убиство на чувството: изразете го во пренагласен облик.

Јадот кој тогаш ќе ве обземе ќе биде потраен и многу повеќе терапевтски.

Затрупувањето на вистината за трагедијата во Кочани од коалицијата на владата, обвинителството и медиумите, акомпанирани со општите позиции на сдсм во кои генералната критика благо преминува во кооперација, израснува во злосторство чии безбројни и иритантно инфантилни манифестации, чие јагнешко прифаќање ја дискредитира целата нација, треба да се регистрираат и врз основа на нив да се подготвува скицата за правен прогон на сите лудаци кои се вклучени во овој бесрамен процес. Ќе дојде време кога тоа не само што ќе биде можно, туку ќе биде и главен аспект на процесот на рехабилитацијата на оваа тажна заедница чија ниска општа и посебно политичка култура ја злоупотребија и дополнително раскурцаа, политичките елити, вмро посебно и особено и стрвната, но во суштина неписмена или психопатска олигархија (чест на исклучоците, нормално).

Претворањето на трагедијата во ријалити шоу на власта, која ги ангажираше мртвите од кочанската шупа како рекламна агенција за подигање на својот рејтинг, заедно со идиотската идеја на сдсм да демонстрира конструктивност и “единство во овие тешки моменти”, повеќе од критичност и длабочина во разбирањето на нештата и замочувањето на гробовите на жртвите од страна на познати, но очигледно шупливи интелектуалци, новинари, невладини пропагатори на владата, како „снегови рузмарин и шаш“, не ја затрупаа само македонската Хирошима, односно сопствените одговорности за најголемата трагедија, користејќи го моделот на спектаклот како нова доза на „продиксан“ за мозокот и инаку заматената свест на Македонецот, туку и неопходноста тој Македонец, конечно да се соочи со вистината, не само за Кочани, туку со вистината за себе.

Откако се абортираа од Европа, која требаше да ги роди во 2030, Македонците се абортираа и од себе: власта и сите погоре наредени злосторнички субјекти, го истурија водењакот на нивната смисла и тие се појавија на сцената како исфрленици од нормалноста на природата.

Ги имате сите елементи, драги мои – само треба да ги приштрафите, да ја монтирате боевата глава и да ја лансирате ракетата. Која ќе ја разнесе културата во која системот и не е толку лош. Системот на кој сте му се настрвиле односно ве настрвија, всушност, е добар, но културата што ја инсталираше вмро во рамките на својата мисија за декомунизација, односно на десубјективизирањето на Македонците и дискредитацијата на нивниот државен и национален проект, е култура на систематскиот антисистем.

Другите бргу разбраа дека тоа и не е така лоша идеја.

Сакам да кажам дека системот таков каков што е дефиниран со уставот и во законите не е виновен за нашата драма, како што и лиценците не се причина за трагедиите, туку културата, односно болеста на општеството од која мораме да се ослободиме така што ќе го тргнете индукторот на националната психоза и стремежот кон исчезнување во ликот на лажната историја, лажната култура, лагата за себе, лагата за стварноста, лагата за проблемите  за кои самите сме одговорни. Вмро, задолжително и пред сѐ!

Битката за промена на системот, всушност е алибична битка за задржување на културата на страдањето.

Македонците се како наопаку обуени чорапи.

Не е убаво така да се шетаме дури и по дома, камо ли во Европа.

Македонците ја доживуваат Македонија како куќа која е сто пати поголема од кровот!

Добро, ги прашувам, не ли ви фура, нели ве врне и снежи, нели ве пече летно време, нели ве серат чавките и другите птици!?

Да, ми викаат тие, ама барем ни е комотно+

ако има пожар, можеме да излеземе преку таванот што го нема.

Убаво!

Јас знам дека во така растурено општество нема сили, нема субјекти кои би покренале така темелна и, јас би рекол, револуционерна преобразба на општеството, на нацијата посебно и на државата, нормално. Како мотиви и директни интереси, општеството има на располагање ракети и боеви глави да се разнесе, но во стварноста имаме само црешови топчиња против Христијан паша и неговата илјадна војска корисни идиоти.

Мојата надеж се темели на колецот што му го набиваат на Македонецот, односно на кој тој самиот се набива, односно на моментот кога шилецот ќе му се појави во устата. Сликовито сакам да доловам некој шокирачки момент кој ќе го разбуди од бунилото. Но, од друга страна, си велам, ако Кочани не беше во состојба да предизвика ерупција што ќе ја преобрази Македонија, тогаш -што!?

Не е мал делот од општеството кое ја задржа нормалноста. Траумата од Кочани не предизвика ерупција затоа што кратерот беше затнат од неверојатната и срамна пропаганда, но, некое јадро на темелните промени, сепак, се формира и, имам таков, впечаток, се шири.

Мораме да го сочуваме и најситното зрнце на оптимизам.

Низ жестока критика, не низ лигавење.

Јас сум спокоен. Не само поради годините. Ако такво отрезнување се случи, ќе бидам среќен, но ако не се случи, односно ако пропаднеме, исто така ќе бидам среќен затоа што ќе исчезне главниот фактор кој животот ми го претвори во бесмислено измачување.

Малку доцничко, обаче, што да се прави!?


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk