ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јавна седница на ССМ пред законодавниот дом, ќе се бара минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати

April 2, 2025 09:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред законодавниот дом ќе одржи јавна седница на највисоките тела на Синдикатот по што ќе се упати кон Стопанската комора на Македонија и кон Владата. Со ваквиот чекор, синдикатот ќе изрази незадоволство од одлуката минималната плата да се зголеми 1.800 денари без таа да помине на Економско-социјалниот совет што, според синдикатот, е незаконско.

За време на протестот, којшто почнува во 12:05 часот пред Парламентот, во овој дел од градот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Пред Парламентот, синдикатот ќе порача дека не може да има подобрување на платите за пратениците без подобрување на платите за работниците, а пораката што ќе биде упатена пред Стопанската комора е дека поддршката на работниците е од суштинско значење за стабилноста на економијата. Завршниот дел од протестот ќе биде пред Владата, каде синдикатот ќе побара работниците да бидат вклучени во одлуките за нивните плати.

Синдикатот бара минималната плата да изнесува 30.000 денари имајќи ги предвид трошоците на живот, наместо предложените 24.300 денари, а Владата во рок од една година да ги плаќа придонесите за разликата до 30.000 денари.

– Со нечовечкиот однос кон синдикалните претставници не само што е повреден Уставот и законите во Македонија, туку има повреда и на меѓународните конвенции на трудот и за тоа веќе се известени Меѓународната организација на трудот, Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои даваат целосна поддршка на ССМ, истакна вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Тој порача дека нападите врз него и врз претседателите на гранските синдикати, кои, како што рече, се позачестени последните денови, нема да ги запрат во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците.

– Загрижува состојбата во која 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 работници примаат плата под просечната плата во земјата. Затоа се жестоките напади кон ССМ за да не се зголемат платите на овие работници, рече Трендафилов.

Предложи платите на избраните и именуваните лица заедно со неговата плата да биде 500 евра една година и да се изгласа минимална плата во истиот износ.

Европската конфедерација на синдикати на 14 март им даде поддршка на синдикатите во земјава за да издејствуваат што поголема минимална плата со која работниците ќе може достоинствено да живеат. Претставниците на Европската конфедерација на синдикати на прес-конференција во Скопје оценија дека барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата се повеќе од оправдани и дека минималната плата во Северна Македонија е најниска во регионот.

Од ССМ ја спорат одлуката на Владата за висината на минималната плата бидејќи согласно член 4 став 5 од Законот за минимална плата, министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во бруто износ, а тоа, како што посочуваат, не се случило односно не е подржана седница на Економско-социјалниот совет.

Економско-социјалниот совет нема одржано седница во текот на овој месец бидејќи првично од страна на Комисијата за репрезентативност треба да се утврди репрезентативноста на ССМ која е истечена минатата година. Комисијата минатиот петок ја одржа првата седница и ги проверува доставените списоци со активни членови на ССМ. Доколку се потврди дека ССМ има како членови најмалку 10 проценти од вкупниот број на вработени во државата, треба да продолжи со работа Економско-социјалниот совет.

Според Владата, висината на минималната плата е легитимна и утврдена согласно критериумите во Законот за минимална плата. Заменик-министерот за економсија и труд Марјан Ристески минатата недела на прес-конференција во Владата појасни дека висината на минималната плата е утврдена согласно податоците од Државниот завод за статистика, за што како основа се зема 50-проценти од просечната плата исплатена минатата година и 50-проценти од индексот на трошоци односно инфлацијата за претходната година.

Tags: минимална платаССМ
Next Post

Изложба „Метаморфоза II“ на Љуљзиме Лека Муљаку во Чифте амам

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk